1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУЛЕКС подготвен да го помогне спроведувањето на евентуален договор за Косово

СН/ЕМФ/бета10 март 2013

Новиот шеф на ЕУЛЕКС, Бернд Борхарт, изрази надеж дека на 20. март ќе биде постигнат договор во дијалогот меѓу Белград и Приштина и оти ЕУЛЕКС е подготвен да го помогне неговото спроведување.

https://p.dw.com/p/17uX5
Бернд БорхардФотографија: DW

Новиот шеф на мисијата на ЕУ на Косово, Бернд Борхарт, изјави дека нема да ги менува приоритетите на мисијата на Косово, а тие и понатаму ќе бидат борба против организираниот криминал и корупција, поддршка на централните и локалните институции и ќе пружаат помош во остварување на договорот кој ќе се постигне на 20. март во дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

„Ние се фокусиравме на областа на кривичниот закон, работиме на борбата против корупцијата и во таа смисла настојуваме да пружиме помош и соработуваме со органите на власта и таа работа ќе се базира на спречување на корупцијата. Откако Собранието во Косово ќе ја усвои стратегијата против корупцијата, ние ќе пружиме помош за нејзино остварување“, рече Борхарт во интервјуто за српската новинска агенција Бета.

На прашањето дали  тоа што го споменал помагањето на остварувањето на договорот кој ќе се постигне на 20. март значи дека договор сигурно ќе има, шефот на ЕУЛЕКС рече оти не сакал да каже дека тоа сигурно ќе се случи, но дека искрено се надева оти ќе се постигне некаков договор „за да се затвори ова поглавје“.

Тој потсети дека ЕУЛЕКС го поддржува спроведувањето на договорот за интегрирано управување на 6 премини помеѓу Косово и Србија.

Борхарт, меѓу другото, уште и ги повика граѓаните на северна Косовска Митровица да соработуваат со ЕУЛЕКС и косовската полиција во откривање на сторителите на голем број бомбашки напади на северот на Косово, каде Србите се мнозинско население. Борхарт во интервјуто за агенцијата Бета рече дека ЕУЛЕКС и Полицијата на Косово значително го зголемиле полициското присуство на северот, како и во северна Митровица, каде се зачестени бомбашките напади.