1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ на Балканот: Уште една изгубена година

Томас Бреј (дпа)
29 декември 2018

Пред петнаесет години, шесте балкански земји со „ветувањето од Солун“ добија перспектива за брз пристап во ЕУ. Но, изминатата година донесе многу нови пречки на овој пат, оценува нашиот аналитичар Томас Бреј.

https://p.dw.com/p/3AjCv
Thomas Brey
Фотографија: privat

2018 година беше сѐ освен успешна приказна за Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија и Косово. Иако кандидатите за ЕУ, Албанија и Македонија, беа во можност да постигна Брисел во јуни следната година, конечно да сака да започне пристапни преговори со двете мали држави, сепак каков ќе биде политичкиот баланс на моќта по изборите за Европскиот парламент и дали сѐ уште ќе има мнозинство во ЕУ за започнување на овие преговори е повеќе од неизвесно.

Од друга страна, исто така е неизвесно дали претходно навистина ќе му биде ставен крај на деценискиот спор меѓу Македонија и Грција со новото државно име „Северна Македонија“. Во грчкиот парламент мнозинството за окончување на овој спор за името е уште понесигурно отколку во парламентот на Македонија. Без таков напредок, малата земја ќе продолжи да биде она што беше веќе 13 години поради блокадата на Грција: официјален кандидат за ЕУ, со замрзнат почеток на пристапните преговори.

„Немирните деца“ на Балканскиот полуостров

И покрај стотиците милиони финансиски инјекции и армија на дипломати и експерти, Босна и Херцеговина уште еднаш ја нуди сликата за пропадната држава. Бидејќи католичките Хрвати, со околу 15 отсто од населението, се чувствуваат обесправени од општите избори одржани во октомври, тие влегуваат во пакт со лидерот на православните Срби во земјата, Милорад Додик.

Тој сака да ја оддели српската половина на земјата со околу еден милион жители од Босна и Херцеговина, побрзо денеска отколку утре, и да ја поврзе соседната „држава мајка“ Србија. Резултатот гласи: формирањето на владата е неизвесно. Зашто против волјата на муслиманските Бошњаци, кои чинат тесно  мнозинство во државата, овој пакт не може да функционира.

Во Албанија, која има репутација дека е „Колумбија на Европа“ борбата против одгледувањето на марихуана сè уште не носи никаков значаен и долготраен успех. Политичките реформи, како што е реорганизацијата на судството, исто така напредуваат со темпо на полжав. Во Црна Гора, преговорите за пристапување во ЕУ не го сменија фактот дека Мило Ѓукановиќ, кој уште еднаш беше избран за претседател во мај, спротивно на сите демократски правила останува семоќен фактор во мини-државата на јужниот брег на Јадранското Море. На крајот од краиштата, тој неприкосновено владее речиси 27 години. Во меѓувреме, тој се чувствува толку силно што, кон крајот на ноември, нареди апсење и на лидерот на опозицијата, Небојша Медојевиќ, иако тој има пратенички имунитет.

Ситуацијата е уште полоша во Косово: владата и опозицијата се блокираат едни со други во парламентот, така што постои политички ќорсокак. Најголемата мисија на ЕУ за владеење на правната држава (ЕУЛЕКС) по 10 години го фрли пешкирот по случаите на корупција во сопствените редови. Албанското мнозинско население против волјата на ЕУ започна со создавање на сопствена армија и наметна стопроцентни казнени тарифи за стоката од нејзиниот неомилен голем сосед, Србија.

Преговорите со посредство на ЕУ помеѓу Србија и Косово, кои траат со години и во голема мерка беа неуспешни, во моментов се прекинати. И конечно Србија - овде претседателот Александар Вучиќ е семоќниот човек. Тој го контролира парламентот и судството, како и полицијата и медиумите.

Зошто политиката на ЕУ на Балканот не покажува резултати

„Која е причината за досегашниот неуспех на ЕУ во Западен Балкан?“, прашува експертката Гудрун Штајнакер. Таа беше германска амбасадорка во Скопје и во Подгорица и се смета за еден од најддобрите познавачи регионот, чии јазици и ги зборува. Со тоа за првпат еден инсајдер се изјасни за дефицитите на политиката на ЕУ на Балканот. Штајнакер посебно ја критикува наводно новата стратегија на Европската комисија за Западен Балкан претставена минатиот февруари.

Во неа „има исправни анализи, но нема нови рецепти“. Покрај тоа, „малку самокритички се рекапитулира она што се случило и што требало да се случи“. Штајнакер гледа системска грешка во балканската политика на Брисел: „Козата е направена градинар“, пишува искусната дипломатка: „Истите влади со главно исти политичари кои се одговорни за опасната ситуација во регионот сега треба да ги исправат нештата.“

Водечките домашни експерти како што се американскиот економист со потекло од Белград, Бранко Милановиќ, српскиот социолог Јово Бакиќ или директорот на босанската НВО Транспарентност, Срѓан Благовчанин, во нивните исклучително прецизни анализи доаѓаат до идентични заклучоци:  политичките системи на шесте балкански земји се всушност квазидемократии, во кои преку масивни изборни манипулации секогаш победува само една партија.

Symbolbild Westbalkan Flaggen (mit EU)
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/Qian Yi

Недемократските и на една лидер поодредени партии преку клиентелистички систем си обезбедуваат континуирана моќ. Во центарот на политиката не се програми и идеологии, туку единствена цел е крадење и дистрибуција на украдената стока за себе и за сопствените клики на поддржувачи (клептократија).

Денес, многу западни експерти, но и домашни критичари се согласуваат дека мизеријата може да заврши само со многу посилно вклучување на општеството, медиумите и невладините организации. Зашто овие денес речиси семоќни политичари ќе сторат сѐ што е во нивна моќ за да ја одбранат својата монополска положба. Сходно на тоа, тие на ЕУ со наводни реформи ѝ „ја докажуваат“ својата добра .

Меѓутоа, најдобрите закони и прописи остануваат немоќни ако не се живеат и не се применуваат во пракса. Во реалноста всушност, се презема сѐ за да се поткопаат вистинската модернизација и секаков напредок кон ЕУ. За сите моќници во регионот, едно е јасно: ако преовладуваат нормите на ЕУ, нивната позиција е изгубена.

Томас Бреј речиси четири децении беше дописник на германската новинска агенција ДПА, последно раководеше со сите канцеларии на ДПА на Балканот. Тој со години предава на германските факултети по политички науки.