1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ерменија: Избор на нова влада на 1. мај

СН /дпа,афп,ртр
26 април 2018

По масовните протести и оставката на премиерот, ерменскиот парламент на 1. мај треба да гласа за избор на нов шеф на владата.

https://p.dw.com/p/2wiq3
Armenien vor Wahlen Parlament
Фотографија: DW/Gazazyan

На интернет страницата на ерменскиот парламент денеска преку соопштение беше објавено дека на 1 мај ќе избира нов премиер откако Серж Саркисјан поднесе оставка по единаесетдневните протести во земјата.

Лидерот на опозицијата Никол Пашинјан неодамна порача оти е подготвен да ја води земјата. Ерменија е потресена од длабока политичка криза по оставката на Саркисјан на премиерската функција. Тој попушти под притисокот на протестите, насочени против неговото именување на оваа функција.

Armenien Nikol Paschinjan - Oppositionskundgebung in Yerevan
Лидерот на опозицијата во Ерменија, Никол ПашинјанФотографија: picture-alliance/dpa/TASS/A. Geodakyan

Повеќе на темата:

-Ерменија во сѐ подлабока политичка криза

-Кво вадис Ерменијо?

Саркисјан кој беше претседател на Ерменија од 2008 година до март годинава кога му истече мандатот, неодамна беше именуван за премиер.

Претходно беа усвоени уставни измени со кои беше воведен нов парламентарен систем, со кој беа намалени претседателските овластувања во полза на оние на владата, односно на премиерот.

Parlamentswahl in Armenien Sersch Sargsjan Präsident
Фотографија: picture-alliance/dpa/PAN Photo/AP/D. Hakobyan

Опозицијата тоа го смета за потег со кој Саркисјан се обидува да остане неограничено на власт.

Во моментов вршител на должноста премиер е блискиот соработник на Саркисјан - Карен Карапетјан. Тој предложи брзо одржување на предвремени избори во земјата.