1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Епл“-најскапа фирма на сите времиња

Паул-Кристијан Бриц/ Ж. Ацеска 13 февруари 2015

„Епл“ не е само моментно највредното претпријатие во светот, туку и најскапо на сите времиња. Ни трката на конкурентите да го достигнат, ни критиката на условите под кои произведува не можат да го сопрат концернот.

https://p.dw.com/p/1EbM1
Фотографија: Getty Images/J. Sullivan

Во меѓувреме „Епл“ вреди над 620 милијарди евра, досега толку не „тежело“ ниедно претпријатие. Тоа е повеќе отколку годишниот вкупен бруто-општествен производ на Швајцарија, двојно повеќе од шпанскиот пазар на акции.

Во врска со производите на „Епл“ настана вистинска фама. Фановите со денови и ноќи чекаат пред продавниците на нови производи. „Епл“ за многумина стана култен статус.

Технички, конкуренцијата напредува и дури има и предност. Ривалот „Самсунг“ од 2013 година се потпира врз вмрежените часовници. Смартвоч од „Епл“ на пазарот треба да стигне во април.

Рекордна вредност на „Епл“