1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Епл мора да доплати рекордни 13 милијарди евра данок

ЕМФ/дпа/афп/аптн30 август 2016

Американскиот концерн Епл во Ирска мора да доплати данок од рекордни 13 милијарди евра. Европската комисија смета дека концернот од страна на ирската влада добил даночни повластици во толкав износ.

https://p.dw.com/p/1JsE0
Фотографија: Getty Images/VCG

Европската комисија оцени дека даночните повластици за Епл (Apple) одобрени од страна на ирската влада претставуваат илегална државна помош на товар на конкурентските фирми. Затоа, Ирска сега мора да го бара назад износот од 13 милијарди евра, колку што Епл „заработил“ со плаќање повластен данок во периодот од 2003 до 2014 година.

Ирска тврди дека Епл не добил недозволена државна помош и дека она што требало да се плати било платено. Сега се проверува во детали оценката на ЕК за да може да се подготви жалба пред судовите.

Од Епл веќе е најавена жалба. Концернот во Ирска има околу 6.000 работници.

ЕК со години презема мерки против нефер даночната конкуренција во ЕУ, при што се повластени одделни концерни. Комисијата минатата година за илегални ги прогласи сличните „дилови“ на Холандија со концернот Старбакс, како и на Луксембург со Фијат-Крајслер и побара да се доплати данок во двоцифрен милионски износ.

Епл мора да доплати рекордни 13 милијарди евра данок