1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Егејот погоден од силен земјотрес

ЕМФ /агенции
21 јули 2017

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала ноќеска го погоди јужниот дел на Егејот.

https://p.dw.com/p/2gvNv
Griechenland Erdbeben und Zerstörung auf Kos
Фотографија: Reuters/M. Tory

Епицентарот на земјотресот бил меѓу турскиот град Бодрум и грчкиот остров Кос, на длабочина од десет километри, соошти Геолошкиот топографски институт на САД (УСГС).

На Кос животот го загубија две лица, а десетици се повредени. Гувернерот на регионот Јужен Егеј, Јоргос Хацимаркос,соопшти дека загинатите се туристи од Турција и Шведска. Двајцата животот го загубиле при уривање на ѕид во еден од баровите на островот. Агенциите пренесуваат дека еден од повредените во паника скокнал од првиот кат во хотелот каде што бил сместен. Градоначалникот Јоргос Кирицис за агенцијата Ана изјави дека материјалните штети се огромни. Меѓу другото, големи оштетувања претрпе пристаништето за јахти на островот.

Земјотрес и цунами во Егејот

Што се однесува до турската страна на крајбрежјето зафатено од земјотресот, се јавува за мали штети и прекини на електричната енергија, но нема информации за загинати. Една болница е евакуирана во знак на претпазливост, поради пукнатини на ѕидовите. Во близина на Бодрум има и поплавени улици од високите бранови предизвикани од потресот.

Türkei Erdbeeben in Bitez
Туристи во близина Бодрум по земјотресот спиеја на отвореноФотографија: picture alliance/dpa/AP Photo/A. Wieting

Турско-грчкиот регион е често потресуван од земјотреси. Во тежок земјотрес на островот Лезбос во јуни имаше еден загинат и десет повредени лица.