1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европските социјалисти разочарани поради бугарското вето

ДТЗ /ДВ
3 декември 2020

Партијата на европските социјалисти е разочарана од бугарското вето за Македонија. Според нив, Заев демонстрирал храброст и лидерство додека барал пат низ ќорсокакот.

https://p.dw.com/p/3mCQP
Bulgarien Sofia Nachbarschaftsvertrag
Фотографија: Pressestelle bulgarischer Ministerpräsident

Европските социјалисти се разочарани од бугарското вето. Тие денеска порачаа дека е неопходно да надвладее политичкото лидерство и конструктивниот дијалог вo македонско-бугарските односи. Партијата на европските социјалисти (ПЕС) изразува разочарување поради бугарската блокада на стартот на преговорите за членство Северна Македонија во ЕУ, порачувајќи дека политичката мудрост на двете земји е ставена на тест.

„Само јазикот на соработка и целосно разбирање на долгорочните перспективи во регионот може успешно да ја надминат оваа пречка. Европските социјалисти и демократи секогаш биле поддржувачи на процесот на проширување за Западен Балкан се вели во изјавата. ПЕС го поздрави одобрувањето на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија во март годинава и нацрт-рамката за преговори претставена на земјите-членки во јули.

Тие повикуваат на длабински дијалог помеѓу Бугарија, која 13 години е членка на ЕУ и на Северна Македонија која силно ја изрази желбата за пристап кон унијата. Во изјавата на ПЕС се дополнува дека премиерот Зоран Заев продолжува да демонстрира храброст и лидерство. „Премиерот Зоран Заев продолжува да демонстрира храброст и лидерство додека бараше пат низ ќор-сокакот, давајќи го првиот сигнал дека е можен таков длабок дијалог. Брзиот почеток на пристапните преговори позитивно ќе влијаат на долгорочната врска меѓу Бугарија и Северна Македонија, исто така како и на целиот регион на Западен Балкан. Време е сите да постапат одговорно и со мудрост, водени од визијата за заедничка европска иднина“, се наведува во изјавата.

Загриженост за национализмот

Европските социјалисти изразуваат и загриженост за развиениот национализам во Бугарија, но и во Северна Македонија и изразената десничарска реторика. „Двете земји ќе го паметат говорот на омраза во регионот за време на претходната конзервативна влада. ВМРО-ДПМНЕ го наруши дијалогот со Бугарија, Грција и целиот регион, со што пристапот во ЕУ стана невозможен сон. Под нивни мандат, Северна Македонија доживеа една деценија замрзнати интеграции и проблематични односи со соседните земји. Денес, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да игра опасни игри со говор на омраза, предизвикувајќи конфронтации. Ова не е иднината што ја сакаат луѓето во Северна Македонија. Социјалдемократската влада на Зоран Заев ја водеше Северна Македонија кон почетна точка на преговорите со ЕУ и тој останува најдобрата личност да го продолжи тој процес, доколку и се даде шанса на земјата“, се вели во изјавата на Претседателството на Партијата на европските социјалисти. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема