1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Европа во „окото на бурата Ковид-19“

СН/дв
16 април 2020

Според Светската здравствена организација, околу половина од глобалните случаи на Ковид-19 се регистрирани во Европа. Наредните недели ќе бидат клучни за регионот, вели директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

https://p.dw.com/p/3azHZ
Schweiz Genf - Hauptsitz der Weltgesundheitsorganisation (WHO)
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Di Nolfi

 „Европа останува во окото на бурата- Ковид 19“, истакна првиот човек на европската канцеларија на СЗО, Ханс Клуге. „Бројот на случаи во целиот регион продолжува да се искачува. Во изминатите 10 дена, бројот на пријавени случаи во Европа речиси двојно се зголеми на близу 1 милион“, рече првиот човек на СЗО за Европа на денешната видео-конференцијата за новинарите .

Ова, според Клуге значи дека околу 50 насто од глобалниот товар на Ковид-19 е во Европа, Повеќе од 84,000 луѓе во Европа досега починале во епидемијата. 

Додека европскиот регион е близу еден милиони потврдени инфекции со вирусот Сарс-КоВ-2, има позитивни знаци од голем број на сериозно погодени земји, вклучително и Шпанија, Италија, Германија и Швајцарија, Клуге сепак предупреди од опуштање: „Облаците на невремето од оваа пандемија сè уште се силно надвиснати над европскиот регион“, истакна Клуге потенцирајќи дека други европски земји и натаму се соочуваат со целосниот обем на корона-кризата. 

Повеќе:

-Половина од жртвите на Ковид-19 во Европа се во старечки домови

-ЕУ без прецизен временски план за олабавување на мерките против пандемијата

-Корона-криза: Европа мора да гледа подалеку од носот

Со оглед на дебатата за олеснување на мерките воведени во борбата против пандемијата, директорот на организацијата со седиште во Копенхаген рече дека владите, здравствените власти и СЗО за Европа треба да најдат одговори за тоа кога, како и под кои услови ќе се разгледува безбедна и постепена промена во мерките.

Според него сега е време за солидарност повеќе од кога и да било. Европа се наоѓа почетокот на фазата во која првите ограничувања ќе бидат олабавени . „Но, нема брз начин за враќење во нормална состојба“, јасно стави до знаење Клуге.