1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Драматична состојба во нуклеарката Фукушима 1

16 март 2011

Ситуацијата во нуклеарката Фукушима 1 во Јапонија е надвор од контрола. Откако избија нови пожари во два реактора и дојде до драстично покачување на радијацијата, од централата мораа да бидат повлечени и техничарите.

https://p.dw.com/p/10ZjZ
Оштетениот реактор 4 во загрозената атомска централа Фукушима ДаичиФотографија: AP

Додека ситуацијата во нуклеарната централа Фукушима Даичи очигледно излегува од контрола и радијацијата во регионот се зголемува, на североисточниот брег на Јапонија продолжуваат спасувачките акции. Војниците и хуманитарните работници и натаму бараат жртви под урнатините на крајбрежните населени места, целосно уништени од циунамито минатиот петок. Пет денови по природната катастрофа мали се надежите дека во подрачјето ќе бидат пронајдени преживеани. Бројот на жртвите и исчезнатите во меѓувреме се искачи на 11.000 информираше јапонската телевизија Ен Ејџ Кеј.

Japan nach dem Erdbeben und Tsunami
Потрагата по преживеани од цунамито и натаму трае, но надежите се малиФотографија: AP

Го нема ни најнеопходното

Мијоко Нишимура од Кешенуа во моментот на катастрофата беше на пат и сега во целосно разрушеното родно место ги бара пријателите.

„Се прашувам каде се? Можеби отишле во училиштето. Веќе бев во центарот за евакуација, но не беа таму. Ова е неверојатно.“

И покрај целосното уништување, еден од локалните пожарникари е уверен дека ова населено место може да биде обновено.

„Сигурен сум дека ќе изградиме како што беше, иако трае неколку години. И по големиот земјотрес во Ханшин по две -три години се’ беше изградено.“

Japan Atomkrise Fukushima Reaktor 16.03.2011
Пожари горат во централата Фукушима 1Фотографија: AP

Десетици илјади луѓе во погоденото подрачје на североисточниот брег на Јапонија, мораат да се откажат и од најнеопходното. Нема струја, нема гас, нема вода, нема храна, апсолутно ништо, вели очевидец. Дури и во центрите за евакуација залихите се ограничени.

Јапонија бара помош од странство

Поради високата радијација во атомската централа Фукушима Даичи привремено мораа да бидат евакуирани техничарите, кои се обидуваат да ги стават под контрола оштетените реактори на централата и да го активираат системот за ладење на нуклеарните јадра. Поради зголеменото озрачување, морало да биде прекинато ладењето, соопшти портпаролот на јапонската влада Јукијо Едано.

„Висината на озрачувањато на главниот влез варира од минута во минута, меѓутоа сметаме дека не постои непосредна опасност. Од садот за складирање на искористени горивни елементи, излезе водна пареа. Во оваа област се покачи радиоактивноста. Станува збор најверојатно за радиоактивна пареа.“ Јапонската влада во меѓувреме побара помош од надвор.

Регионот утрово го погоди нов земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала, но не предизвика цунами.

Автор: Бернд Муш Боровска/ Александра Трајковска

Редактор : Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи