1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Драматичен вител од загуби на берзите

5 август 2011

Стравувањата од проширување на должничката криза во САД и во Европа доведоа до трескавичен акционизам и паника на берзите. Волс Стрит доживеа црн ден, а европските и азиските берзи истотака претрпеа тешки загуби.

https://p.dw.com/p/12BaG
Пад на курсот на берзите во Франкфурт, Лондоин, Париз, Њујорк, Токио...Фотографија: dapd

Во Европа по Грција пред тешки времиња се исправени и други национални економии. За Италија и Шпанија парите стануваат се’ поскапи- на еврото му се закануваат нови непријатности. И во САД каде што лимитот за државното задолжување конечно беше зголемен, со што Вашингтон може да позајмува нови средства, се заканува крах на стопанството, со далекусежни последици за светската економија.

Пад на курсот на акциите на светските берзи

По значителните падови на курсот на акциите на европските берзи (ДАКС во Франкфурт забележа минус од 3,4 проценти, во Лондон минусот изнесуваше 3,1 процент, а во Париз 2,5 проценти) драматично се заостри и ситуацијата на американскиот пазар на акции.

Њујоршкиот Вол Стрит ги претрпе едни од најтешките дневни загуби во последниве години. Сите три големи индекси синоќа беа повеќе од четири проценти во минус. Индексот Дау Џонс забележа пад на вредноста од повеќе од 500 поени и за првпат од декември 2010 години повторно падна под границата од 11.400 поени.

Значителни загуби забележаа и финансиските пазари во Азија. На пример водечката берза во Токио индексите паднаа за повеќе од три проценти.

Frankfurt Börse Crash Kursverluste Finanzkrise Jean-Claude Trichet
Жан Клод Трише, претседателот на ЕЦБФотографија: dapd

Како една од причините за актуелниот вител од загуби на светските берзи американските аначитичари ги наведуваат знаците дека економијата на САД е во застој и оти се заканува рецесија.

Истотака и ситуацијата во Европа им зададе грижи на берзанските работници во Њујорк. „Инвеститорите поради должничките проблеми на некои земји во Европа од пазарите повлекуваат колку што е можно повеќе ликвидни средства“, известуваат финансиските експерти. За лошото расположение придонесоа и изјавите на Претседателот на Европската Централна Банка, Жан Клод Трише според кои ризиците за пад на економијата станале посилни.

Акционизам

Geld Währung Schweizer Franken

За да се спротистават на таквите ризици две големи национални економии интервернираа на финансискиот пазар со впумпување свежи пари и намалување на референтната каматна стапка за да ги заштитат домашните валути. Јапонија и Швајцарија страдаат од превреднување на јенот и франкот. Дали овие кризни интервенции ќе имаат успех или тоа се само „фискални плацеба“? Некои експерти сметаат дека интервенциите на Јапонија и Шварјцарија не се ништо повеќе од „акционизам“.

Тие на краток рок би можеле да имаат успех, но поединечни национални економии не се доволно силни за да го запрат трескавичното однесување на берзите. Турбуленциите во еврозоната мора да завршат, а економијата на САД повторно да застане на здрави нозе. Клучот за заздравување на светската економија не лежи во трезорите на централните банки на поединечни држави, туку во Брисел и во Вашингтон, велат експертите.

Автор: Дирк Кауфман/ Кристијан Валц/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи