1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Драма пред свадбата - таткото на Меган имал срцев удар?

ЕМФ /агенции
16 мај 2018

Ќе дојде или не? На само три дена до свадбата на принцот Хари и Меган Маркл, таткото на невестата е причина за иритации. Фановите на кралското семејство имаат разбирање за двојката.

https://p.dw.com/p/2xnxE
Portraitfoto: Meghan Markle
Фотографија: Getty Images/T. Akmen

Нов пресврт во драмата со таткото на Меган Маркл пред свадбата. Тој наводно поради денешната операција на срцето нема да присуствува на венчањето в сабота, 19 мај.

Медиумите јавуваат дека таткото на Меган доживеал срцев удар и морало да му биде ставен стент. Томас Маркл живее повлечено во мексиканското гратче Розарито и во САД. Тој пред два дена предизвика скандал со тоа што откажа свое присуство на свадбата. Како причина наведе дека не сака да ги доведе во непријатност ќерката и кралското семејство. Тоа беше негова реакција на обвинувањата дека местел свои папараци-фотографии за пари.

Нов пресврт во драмата со таткото на Меган Маркл

Фановите на кралското семејство се полни со разбирање за двојката Хари-Меган.

Марија Скот, која допатувала од Њукасл за да ја проследи свадбата, вели:

„Мора да е срцепарателно поради недоаѓањето на нејзиниот татко и неговото слабо здравје. Мора навистина да е вознемирувачки, но сигурна сум дека мајќа и' ќе заврши одлична работа.“

Тери Хат, фан-ветеран, кој кампувал за да следи неколку кралски свадби, е уверен:

„Што и да велат за Меган и Хари, тие се заљубени. Тоа е она што е важно.“