65 километри долгата речна долина од Бинген до Кобленц од 2002. година има статус на светско наследство на УНЕСКО. Долината на Средна Рајна изобилува со убава природа, бројни замоци и тврдини и плодни терасести лозја. Како симбол на рајнската романтика се издига карпата Лорелај, на која, според легендата, се разбиле многу бродови, чии капетани ги занесла убавата сирена на неа.