1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

--

3 август 2011

Четирипати од Земјата до Месечината. Толкав пат би бил „поплочен“ со долари доколку некој одлучи на овој начин да го измери американскиот надворешен долг. Или во километри, точно еден милион и 600 илјади.

https://p.dw.com/p/129TL
Фотографија: picture alliance/dpa

Американската парламентарна драма и во последен момент избегнатата опасност државата да биде платежно неспособна деновиве ја потисна во втор план дури и грчката должничка криза. Компромисот постигнат меѓу Демократите и Републиканците, кој потоа доби виза и во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес предвидува границата на задолжувањето на државата да се подигне за уште 2,4 билиони, односно 2.400 милијарди долари, но затоа пак во период од 10 години вкупниот долг да биде намален за 2.500 милијарди. Задолженоста на американската држава во моментов изнесува 14,3 илјади милијарди. Таа е нагло зголемена во последните години - војните, намалувањето на данокот и конјунктурните програми предизвикаа експлозија на трошоците.

Бројките се сами по себе вртоглави, но за да можете воопшто да си го претставите, замислете си ваква слика: ако вкупниот долг биде изразен во банкноти од по еден долар, наредени една врз друга - што мислите, колку би бил долг таквиот куп? Еден милион и шестотини илјади километри, или уште посликовито, четири пати повеќе од растојанието од Земјата до месечината!

Автор: Јерг Јелинек/ Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска