1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

„Дикси“ целосно го уништи градот Гринвил

СН/агенции
9 август 2021

Околу 5000 пожарникари и натаму се борат со големиот шумски пожар „Дикси“ во северна Калифорнија кој прерасна во втор по големина пожар во историјата на оваа американска сојузна држава.

https://p.dw.com/p/3yjuC
WS USA Dixie Fire brennt weiter
Фотографија: Noah Berger/AP Photo/picture alliance

Во пожарот „Дикси“ речиси во целост е уништен градот Гринвил и официјалните лица предупредуваат дека ќе бидат потребни неколку недели за да се стави стихијата под контрола.

Во Калифорнија во моментов има 11 активни големи шумски пожари.

Пожарот „Дикси“ избувна на 14 јули и оттогаш уништи над 187. 562 хектари земјиште- површина поголема од онаа на метрополата Лос Анѓелес.  Според официјалните лица, под контрола се само 21 отсто од пожарот.

Waldbrände in Kalifornien
Фотографија: Noah Berger/dpa/picture alliance

Пет лица во Гринвил, град основан за време на „Златната грозница“ во Калифорнија, се водат за исчезнати, а над илјада се евакуирани. Во околу 39 насто од областа Пумас е објавен налог за евакуација. Повеќе од 400 објекти се уништени меѓу нив и голем број станбени куќи и згради. 

Повеќе:

-Фотографија на денот: Апокалиптична горештина во Калифорнија

-Фотографија на денот: Пустошењето на огнената стихија

-Фотографија на денот: Палма во пламен

Ова е втор по големина пожар по огнената стихија „Мендосино Комплекс“ од 2018 година  која уништи над еден милион хектари.

Шумскиот пожар „Дикси“ сега гори на над 1.850 квадратни километри. Во борбата со стихијата учествуваат околу 5000 пожарникари.

Сушниот период кој трае веќе подолго време и кој според експертите е последица на климатските промени, направи голем дел од западниот дел на САД да бидат особено ранлив на шумски пожари.

До крајот на јули, 250 проценти повеќе површина беше уништена од пожари во Калифорнија отколку во 2020 година. Притоа минатата година се сметаше за најлоша во поновата историја на американската сојузна држава кога станува збор за шумските пожари.