1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДИК е подготвена да спроведе фер и демократски избори

5 април 2011

Овој состав на македонската изборна комисија може да организира фер избори, порача заменик- претседателот на комисијата, Субхи Јакупи. Тој истакна дека и натаму постојат технички проблеми околу гласањето на дијаспората.

https://p.dw.com/p/10nks
Фотографија: DW

ДИК е подготвена да организира и спроведе фер, слободни и демократски избори, со обучена администрација и учество на по еден претставник на партиите од власта и опозицијата во избирачките одбори, порача на денешната прес-конференција заменик- претседателот на комисијата, Субхи Јакупи.

Комисија без претседател

Државната изборна комисија се ’ уште нема претседател, за што е номиниран Борис Кондарко од опозицијата, но на неговиот избор се чека двотретинско мнозинство, што најверојатно ќе оди во пакет со измените на Уставот и веројатно одлуката за самораспуштање на парламентот.

Wahlen Mazedonien
Фотографија: DW

ДИК денеска само потврди дека спорниот број на гласачи е прочистен со само 16 илјади починати а неизбришани од неговата евиденција. Но ОБСЕ и дел од македонската опозиција ставаат забелешки на несразмерот од над 1.8 милиони избирачи и бројот на жителите во државата од околу 2,1 милион жители кои не се подолго од една година надвор од Македонија. Јакупи денеска уште нагласи дека нема промени во бројот и составот на избирачките места.

Три места за дијаспората

За прв пат годинава ќе гласа и дијаспората која ќе избере тројца пратенци, по еден од Европа, Австралија и американските континенти, но за ДИК има технички проблеми кои мора да се решат до денот на гласањето. Според пишувања во македонскиот печат, наводно, владејачката коалиција се договорила за ДУИ, односно албанската емиграција, да доминира во Европа, додека македонските иселеници да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ во прекуокеанските земји, каде и најбројна е македонската дијаспора.

ДИК денеска соопшти дека и овие избори ќе бидат следени од бројни домашни набљудувачи, како и мониторинг на странците, пред се’ ОБСЕ-ОДХР.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема