1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Единствената етно-дизајнерка во Македонија

Ана Арсеновска-Зафирова
6 март 2021

За да се направи носија е потребно внимание и целосно „предавање“ вели единствената етно-дизајнерка во Македонија, Благородна Донева. Од нејзините раце излегуваат стилизирани носии, со богатство од шари, везови, ширити.

https://p.dw.com/p/3qIPo
Nord-Mazedonien Hochzeitszeremonie in Galicnik
Традицијата е инспирација за Благородна Донева (фото: Галичка свадба 2019, архива)Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Благородна Донева е единствената етно-дизајнерка во Македонија. Изработува стилизирани носии и модни додатоци инспирирани од традицијата.

„Мојот татко, академскиот сликар Ангел Петров, имаше голема колекција на зачувани стари носии, и уште како мала бев присутна додека одеше по селата и ги набавуваше тие носии. Инспирирана од богатите македонски шари што ги имаа тие носии, јас започнав да изработувам македонски стилизирани носии, со понови материјали“, вели Донева.

Која  е најпредизвикувачка носија за изработка? И, кој го купува она што го изработува Донева?

Погледнете во видеото:

Единствената етно-дизајнерка во Македонија