1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Десетици повредени во железничка несреќа во Барселона

СН/ агенции
28 јули 2017

Најмалку 54 лица се повредени, од кои едно сериозно, кога патнички воз удри во заштитната ограда на железничка станица во Барселона, велат информациите од службите за вонредни ситуации.

https://p.dw.com/p/2hJKy
Spanien Barcelona Zugunglück
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Lago

Несреќата се случи на железничката станица Франција во центарот на престолнината на шпанската автономна покраина Каталонија, за време на утринскиот сообраќаен метеж. Силнот удар го сплескал предниот дел од преполниот регионален воз и откинал парче метал. Како изгледаше ситуацијтата на местото на несреќата, погледнете во следното видео:

Железничка несреќа во Шпанија

Дваесет повредени, меѓу кои и машиновозачот, се префрлени во болница, додека припадниците на службите за итна помош медицински ги згрижиле останатите патници на лице место. Причината за несреќата која се случи  во 7 часот и 15 минути, сѐ уште не е позната. Како што пренесува Би-Би-Си, машиновозачот не закочил при влезот во станицата. Голем број патници веќе стоеле подготвени да излезат кога возот удрил во оградата, јави весникот Ла Вангардиа.

Spanien Barcelona Zugunglück
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Lago

Возот доаѓал од селото Сан Висенте де Калдерас во покраината Тарагона на линијата Р2 на железничката служба Родалиес, соопштија службите за вонредни ситуации. Државната железничка компанија Ренфе соопшти дека е започната истрага за инцидентот, пренесува Ројтерс.