1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Десетици загинати поради панична реакција на возач

ЕМФ /агенции
13 март 2017

Возач на автобус на Хаити е во бегство, откако влета со возилото во толпа луѓе и притоа уби десетици луѓе.

https://p.dw.com/p/2Z596
Busunglück in Haiti
Фотографија: Reuters/A. Martinez Casares

Возачот на автобус во Гонаив прво прегазил двајца пешаци, од кои едниот загинал, а другиот е повреден.

Според службата за цивилна заштита, по несреќата луѓето кои не биле жртви се обиделе „да го запалат автобусот заедно со патниците“.

Обидувајќи се панично да побегне од местото на несреќата, возачот со автобусот влетал во три музички групи кои се движеле по улица.

Притоа загинаа 33 луѓе, а повредени се 14. Во болница подоцна на повредите им подлегнаа уште четири лица.

Возачот на автобусот е во бегство. Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, најави истрага за несреќата.

Во паника прегазил десетици луѓе