1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Десетици загинати во бродска несреќа во Тaнзанија

СН/ агенции
21 септември 2018

По несреќата на траектот на езерото Викторија во срцето на Африка, бројот на загинати речиси двојно се зголеми. Причините за несреќата на патничкиот брод засега не се познати.

https://p.dw.com/p/35Hiy
Tansania Fährunglück | MV Nyerere vor dem Unglück
Фотографија: Zadock of SAUT, Mwanza

Најмалку 86 лица загинаа откако на езерото Викторија се преврте танзаниски патнички траект, а се очекува да бидат пронајдени уште жртви, гласат последните официјални информации од властите во Танзанија. По превртувањето на бродот вчера попладне, спасени се 37 лица. Според властите „фокусот е на спасувањето“ на што е можно повеќе преживеани.

Трактот Нирере се преврте во близина на островот Укара, на југот на големото езеро, соопшти на танзаниската Агенција за електронски услуги, оператор на бродот.

Ferry Accident EN Tanzania

„На траектот имаше повеќе стотици луѓе кога се преврте, а се стравува дека голем број од нив го загубиле животот“, изјави едно официјално лице од округот Укереве, во областа Мванза. Според иницијалните проценки, на бродот се наоѓале најмалку 300 луѓе.

Траектот, освен патници, превезувал и стока. Причината за несреќата засега не е позната, но најчесто такви несреќи се случуваат кога траектите се претоварени, а во бродовите нема појаси за спасување, па често има многу загинати.

Tansania Fährunglück Viktoriasee
Фотографија: Zadock of SAUT, Mwanza

Агенцијата задолжена за сервисирање на бродови повика на трпение. Несреќи со смртни последици на езерото Викторија се релативно чести.

При потонување на еден траект во 1996 година во езерото загинаа околу 700 лица.