1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Десетина загинати во напад во бар во Калифорнија

ЖА / агенции
8 ноември 2018

Вооружен напаѓач синоќа отворил оган во кантри-бар во мирно предградие на Лос Анџелес, убивајќи најмалку 13 лица, пред и самиот да загине. Во барот се одржувала студентска забава, а меѓу жртвите е и еден полицаец.

https://p.dw.com/p/37tCK
Kalifornien Thousand Oaks Schießerei Nachtclub
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/KABC

Канцеларијата на надлежниот шериф потврди дека загинал и еден полицаец, кој влегол во диско- барот по почетокот на пукањето, погоден од повеќе куршуми. Десетици луѓе се потешко или полесно повредени во инцидентот, кој се случил половина час пред полноќ по локално време во „Бордерлајн бар - грил“. Американски медиуми јавуваат дека стрелецот испалил најмалку 30 истрели. Вечерта во омилениот кантри-локал се одржувала забава за студенти од колеџ, во него биле присутни стотици млади луѓе. Очевидец за ТВ АјБиСи изјавил дека напаѓачот прво пукал во лице од обезбедувањето и фрлил димни бомби, по што отворил оган врз другите луѓе во барот.

Друг сведок тврди дека стрелецот ја убил касиерката со рачно огнено оружје. Една девојка ја опишува настанатата паника: „Луѓето со столици ги кршеа прозорците за да избегаат“.

Описите на напаѓачот се разликуваат меѓусебно. Дел од присутните го опишуваат како лице од Блиски Исток, други пак тврдат дека бил белец, но сите тврдат дека бил облечен во црна облека и бил делумно замаскиран.

Напад во бар во Калифорнија