1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Ослободени киднапираните девојчиња во Нигерија

2 март 2021

Киднапираните девојчиња од Нигерија се повторно на слобода!

https://p.dw.com/p/3q5Fa
Nigeria Freilassung entführter Schülerinnen
Фотографија: Afolabi Sotunde/REUTERS

„Девојчињата беа ослободени“, изјави министерот за безбедност на нигериската провинција Замфара, Абубакар Дауран. Вооружени напаѓачи во петокот го нападнаа училиштето Јангебе во Замфара и, според наводи на полицијата, киднапираа 317 деца. На дел од нив им успеа да избегаат. Причините за нападот сѐ уште не се познати. Џихадистичката терористичка организација Боко Харам, како и други криминални групи, со години го тероризираат населението во северна Нигерија. Киднапирањата водат до тоа сѐ поголем број деца, особено девојчиња, да не одат на училиште. Во овие региони, според наводи на Меѓународната криза група, денес живеат најголем број деца без какво било образование. На #ФотографијаНаДенот 297 девојчиња по нивното ослободување во владината зграда во Замфара.