1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Девојче одлета со змеј 30 метри во височина

СН/дв
5 септември 2020

На фестивал на летечки змејови во Синчу на Тајван се случи инцидент кога тригодишно девојче беше кренато во воздух од малку посилен ветер откако претходно се заглави во опашката на змејот кој го управувало. За среќа девојчето минало само со помали гребнатини на лицето и вратот.

https://p.dw.com/p/3huDp

Според локалните медиуми летечкиот змеј тежок 13 килограми со кој девојчето учествувало на фестивалот, ја кренал во воздух до височина од 30 метри. Целиот инцидент траел околу 30 секунди.

На насловното видео се гледа дека останатите учесници се шокирани од она што се случи, а откако ветерот се смири змејот почна полека да се спушта и девојчето  успешно се врати на земја.

Властите во градот Синчу непосредно потоа го прекинаа фестивалот и се извинија за инцидентот, најавуваќи истрага на случајот за во иднина да не се повтори вакво нешто.