1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По Келн: дискусии за консеквенциите

Јенс Турау/З.Јордановски7 јануари 2016

По нападите врз жени во новогодишната ноќ во Келн, политичари бараат заострување на законите. Меѓународниот печат смета дека пропадна бегалската политика на канцеларот Меркел.

https://p.dw.com/p/1HZpr
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg

Сојузниот министер за правда Хајко Мас најави постра реакција на инцидентите од Келн и сличните од Хамбург. „Секој, кој мисли дека кај нас може да се стави над правото и законот, сосем се’ едно од каде доаѓа, мора да биде казнет“, рече тој во изјава за неколку весници. Баратели на азил можат да бидат протерани од Германија и во текот на постапката за давање азилако бидат осудени на казна затвор од најмалку една година, а таква казнена мерка е можна кај сексуалните деликти, уакажа министерот. Но, правни експерти се сомневаат дека е толку едноставно протерувањето на казнети азиланти. Многу држави одбиваат да примат назад свои државјани кои во Германија побарале азил и сториле кривично дело.

ЦСУ бара поостри закони

Чекор понатаму од министерот отиде Штефан Мајер, пратеник од фракцијата на ЦСУ во Бундестагот, кој побара заострување на законите кај можното протерување на странци - криминалци. Во наредниов период треба многу внимателно да се провери дали не се превисоки правните пречки за протерување на казнети странци. „Кој на толку срамен и одвратен начин го злоупотребува гостинското право, како сторителите од Келн, го губи правото да остане во нашата земја“, изјави Мајер за весникот „Билд“.

Deutschland Bundesjustizminister Heiko Maas in Berlin
Министерот за правда Хајко МасФотографија: picture-alliance/dpa/P. Zinken

Отровна критика од Унгарија

Во извештаите на странските медиуми за настаните во Келн, во средиштето е и канцеларот Ангела Меркел. „Вол стрит Џорнал“ пишува: „Нападите во Германија се предизвик за бегалската политика на Меркел“. Италијанскиот весник „Република“ прашува: „Госпоѓо Меркел, каде сте?“ Според очекувањата, жестока е реакцијата во Унгарија, која е во отворен спор со Германија поради бегалската политика. Весникот „Маѓар Идок“ од Будумпешта, близок до владата, пишува дека се покажало „оти (германската) држава која се крие под исто ќебе со мигрантите, нема намера да ги штити нејзините граѓани од ордите што ги напаѓаат, туку се прилагодува на нивните норми“. Истиот весник во однос на Германците уште констатира: „Од нивните либерални принципи и од некакви си човекови права тие создадоа Штази (Штази - некогашната тајна служба на Источна Германија - н.з.) за медиуми, која ја надгледува медиумската диктатура. Резултат од тоа е дека германскиот печат се прави слеп кога омилените доселеници силуваат германски девојки“.

Шлаканица за медиумите и од самата Германија

Медиумите сега се на удар на критика и во самата Германија, иако во многу посуштински тон: генералниот секретар на ЦСУ Андреас Шојер во изјава за Дојчландфунк рече дека медиумите не известувале соодветно за нападите во Келн и можеби дури свесно не објавиле некои информации. „Луѓето кои се загрижени за нашето општество и како тоа се развива, го критикуват токму тоа дека делумно се објавени ставови кои не ја одразуваат реалноста, оти се мисли дека тука мора да се дејствува со погрешно сфатена претпазливост“. Но, де факто медиумите, првенствено локалните, вистински бргу известија за инцидентите и постојано со нагласување дека сторителите веројанто се млади по потекло од арапскиот и сверноафриканскиот регион.

Deutschland Silvesternacht vor dem Hauptbahnhof in Köln
Снимка од новогодишната ноќ во Келн.Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Böhm