1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и дебатата за враќање на воената обврска

Максимилијане Кошик
7 август 2018

Дел од германските конзервативци бараат враќање на воената обврска во Германија. Тоа можеби и има смисла, но дебатата се води тотално погрешно и во погрешно време, оценува Максимилијане Кошик.

https://p.dw.com/p/32j40
Deutschland Diskussion über Wehrpflicht
Фотографија: picture-alliance/C. Ohde

Зошто постои „летна дупка“? Па, можеби за да не мора да се води политика на 30 степени Целзиусови под сенка. Минаа повеќе од 40 години од летото на векот, кога тогашниот канцелар Хелмут Шмит во парламентот дојде во бел костум и поради тоа се најде на насловните страници.

Тогаш бројот на германски војници беше речиси на највисоко ниво - во 1977 година достигна 250.000. Непосредно пред да биде укината воената обврска во 2011 година, бројот на војници падна на 60.000. Жените беа изземени од регрутирање. Оттогаш, оние кои сакаат да му се приклучат на Бундесверот или на некоја единица за цивилна заштита, може да се пријават доброволно.

Жешка дебата?

Додека деновиве се мерат историски високи температури, политичарите не се во парламентот. Во тек е летната пауза. Но, тоа не спречува дел од конзервативците на ЦДУ да отвораат теми, како враќањето на воената обврска, но овојпат и за жените.

И, дискусиите веќе почнуваат. Додека Министерството за внатрешни работи соопштува дека воената обврска може повторно да се воведе со едноставен закон, Министерството за правда не е толку сигурно. Министерството за одбрана смета дека такво нешто би било неопходно само во случај на закана, а Министерството за семејство и социјала ја поздравува во основа идејата за зајакнување на Сојузната волонтерска служба, која настапи на местото на цивилното отслужување на воениот рок.

Има добри причини зошто во Германија може да се води дебата за воениот рок. Германските сили страдаат од недостиг на персонал. Неодамна се размислуваше и за можноста да се примаат граѓани од други ЕУ-држави. Во социјалниот сектор, кој добива поддршка од Сојузната волонтерска служба, исто така има недостиг на работна сила. Тука странските работници во меѓувреме станаа повеќе правило отколку исклучок.

Maximiliane Koschyk Kommentarbild PROVISORISCH
Фотографија: DW/B.Riegert

Долгорочна перспектива?

Смислата и целта на воената и цивилната служба меѓутоа не се состои само во ангажирање на подмладок на одредено време. Младите треба долгорочно да се заинтересираат за професијата и на тој начин да дадат придонес во општеството. Тоа во минатото речиси воошто не успеваше. До пред осум години, ниту регрутите масовно се одлучуваа за кариера во Бундесверот, ниту пак оние кои отслужуваа цивилно потоа автоматски се интересираа за професии во социјалната сфера. Социјалниот и здравствениот систем е во криза до денес. Има премалку работници, премногу прекувремени часови и прениски плати. А Бундесверот не само што е во реформски застој, туку се наоѓа и во процес на самопронаоѓање - каква улога, какви надлежности треба воопшто да презема во иднина?

Дискусијата за овие проблеми сега е многу важна, ако се има предвид за што младите луѓе се регрутираат - за одбрана и поддршка на земјата во случај на војна. Во светски тензична безбедносна ситуација, само мал број експерти се на мислење дека такво нешто не е можно да се случи. Во бел костум блечениот канцелар Шмит, за време на својот мандат е соодговорен и за двојниот заклучок на НАТО со кој се работеше на атомско вооружување во Западна Европа. Германија и денес дискутира за вооружување. Деновиве дури, веројатно поради високите температури, се дискутира за можноста за сопствена атомска бомба.

Дебатата за воениот рок е само балон?

Во Германија имаме избрано парламент кој ги регулира таквите работи, се советува и потоа носи одлука според утврдени процедури. Во моментов е во тек летната пауза, значи лош момент за во медиумите да се дебатира за вакви теми од светско значење. Воената обврска не попусто со децении беше втемелена во Уставот. Таа е фундаментален елемент на нашето сфаќање на односот помеѓу државата и граѓаните, одбележан од обврски и барања. Таквото сфаќање не е нешто што може едноставно да биде ставено на дебата во летна пауза. Не е фер кон младите луѓе кои би биле погодени од ваквата одлука да се води дебата само затоа што таа сега генерира наслови.

Бундестагот ќе се состане повторно на 11 септември. Тој може да дискутира и за добро промислени предлози околу оваа тема. Тогаш нема да биде толку жешко. Се надеваме.