1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Двајца победници, се чека на ДИК

Ж.А. /агенции
12 декември 2016

ДИК денеска треба да соопшти освоените мандати по партии. Резултатот меѓу двете коалици е тесен, ВМРО ДПМНЕ има мала предност.

https://p.dw.com/p/2U7Ry
Mazedonien Jubel Wahlen
Фотографија: Reuters/S. Nenov

Државната изборна комисија денеска треба да ги соопшти освоените мандати по партии. Според нецелосно преброените гласови,

ВМРО-ДПМНЕ засега има 452.709 гласа, а Социјалдемократскиот сојуз има 436.439, со што разликата меѓу двете партии се сведе на 1,37 отсто.

Според бројот на гласови на трето место е ДУИ, со 86.812 гласа, четврта е Беса со 57.927, а петта ДПА со 31.017.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски најави дека бројот на освоени мандати ќе биде објавен денеска.

Синоќа лидерите и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев прогласија победа.

„Во моментов опозицијата предводена од СДСМ заедно со граѓаните има еден мандат повеќе", изјави пред полноќ лидерот на СДСМ Зоран Заев, на прославата пред Владата.

„Ги чекаме резултатите, но во моментот водиме со еден мандат повеќе. Падна режим со пенкало, со глас. Победи животот", рече Заев пред приврзаниците.

„Победник на овие избори е ВМРО-ДПМНЕ", соопшти половина час по полноќ партискиот лидер, Никола Груевски, и им се заблагодари на сите граѓани кои гласале на изборите, а посебно на оние кои гласале за неговата партија.

Двете коалиции слават победа