1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Дали на Германија ѝ е потребен построг локдаун?

Сабине Кинкарц | СН/агенции
19 јануари 2021

Кои се следните чекори во Германија во борбата против коронавирусот? Одлуката ќе биде донесена денеска. Експертите апелираат до канцеларката и до покраинските премиери да преземат уште построги мерки.

https://p.dw.com/p/3o6os
Deutschland Lockdown | Dresden
Фотографија: Rober Michael/dpa/picture alliance

Веќе е сигурно дека локдаунот во Германија ќе биде продолжен и по крајот на јануари - барем до „средината на февруари“, може да се чуе од политичките кругови. Но, дали постои закана од „уште построг тежок-локдаун“, како што пишува еден водечки булеварски весник? Тоа е сè уште неизвесно, но едно е сигурно: Научниците кои ги советуваат канцеларката Ангела Меркел и шефовите на владите на 16-те сојузни покраини бараат натамошно заострување на мерките.

Панелот експерти на синоќешната видео-конференција предупреди да не се преценува моментално благо позитивниот тренд на намалување на новите инфекции. Научниците притоа категорично предупредија од заканувачката опасност од мутациите на коронавирусот. Таа може да се намали само со натамошно редуцирање на контактите и со ограничување на мобилноста. Само едноставно продолжување на важечките ограничувања не е доволно, предупредија експертите.

Слично предупредување на крајот на минатата недела упати и шефот на институтот Роберт Кох (РКИ), Лотар Вилер: „Овие мерки што ги преземаме сега - за мене тоа не е целосен локдаун. Сè уште има премногу исклучоци и мерките не се применуваат строго“.

Deutschland Berlin | Angela Merkel, Bundeskanzlerin
Фотографија: John MacDougall/AP Photo/picture alliance

Што е поважно: заштита од инфекција или економичност?

Многу луѓе го споделуваат мислењето на Вилер на социјалните мрежи. #MegaLockdown и # ZeroCovidShutdown се хаштагови под кои повеќе денови се води масовна дебата за тоа што се одвива погрешно и што треба да се случи отсега. Заедничката насока во дискусијата гласи: Ако сè, покрај училиштата и градинките, исто така компании, сите продавници, деловни активности и локалниот јавен превоз бидат затворени неколку недели, сите луѓе останат дома и се откажат од своите контакти, тогаш може значително да се намали ширењето на вирусот.

Повеќе:

-Коронавирус: Дали Меркел ќе ја стави Германија во „мега-локдаун“

-Коронавирус: Меркел најави „драстични“ нови ограничувања во Германија

-Германските лекари против олабавување на локдаунот

Но, колку е реално ова сценарио и какви жртви треба да се направат за тоа? Факт е: Досегашните мерки не ја израмнија одржливо кривата на инфекции, бројките се далеку од намалување под декларираната цел од 50 нови инфекции на 100.000 жители за седум дена. Сојузниот завод за статистика објави дека значително повеќе луѓе починале во Германија на крајот на минатата година од просекот во претходните години. Неделата пред Божик, бројот на смртни случаи беше 24 проценти над просекот.

Светлото на крајот од тунелот е сè уште прилично далеку

Вакцинациите започнаа, но вакцини и натаму има премалку за да може да се постигне брз успех во борбата против пандемијата. Како дополнително отежнување доаѓаат мошне заразните мутации на вирусот пронајдени во Велика Британија и во Ирска, но и во Јужна Африка. Тоа ги прави нервозни политичарите. Колку долго вакцината ќе биде ефекасна против мутациите ? Како може најдобро да се спречи нивното ширење? „Постои можност ситуацијата да се влоши“, предупреди шефот на РКИ, Вилер.

Infografik Anteil Homeoffice Deutschland DE

Сите погледи сега се насочени кон економијата. За време на првиот локдаун, во пролетта 2020, претпријатијата исто така мораа да затворат. Резултатот беше голем економски пад, кој потсетува на последиците од финансиската и економската криза од 2008/2009 година. Ова не треба да се повтори. Фабричките ленти се движат, компаниите функционираат, во канцелариите се работи. Во оваа форма, локдаунот може економски да се издржи многу долго време, смета германскиот министер за финансии Олаф Шолц.

Меѓутоа, канцелариската работа сега може да се заврши од дома многу почесто отколку порано. Половина од сите работни места во Германија се канцелариски. Репрезентативно истражување на фондацијата Ханс Беклер покажа дека при првиот локдаун, 27 проценти од вработените биле во „домашна канцеларија“, а во ноември само 14 проценти.

Професорот по економија во Бон, Ханс-Мартин фон Гаудекер пресмета дека работата од дома има големо влијание врз стапката на инфекции. Ако само еден процент повеќе од работното население беше во „домашна канцеларија“ од почетокот на октомври, Германија ќе имаше околу седум проценти помалку инфекции пред Божик, велат резултатите од неговото истражување,

Дали тоа може да биде спасот? Исто така и за економијата, а со тоа и за веќе потресените државни финансии?

Спорна точка: работа од дома

Меѓутоа многу работодавачи сè уште се противат на тоа да им дозволат на своите вработени даработат од дома. „Знаеме дека работата од дома претставува финансиски, организациски и исто така сигурностен товар за многу компании, кога станува збор за заштитата на податоците“,  истакнува претседателот на Здружениото на работодавачи на Германија, Рајнер Дулгер.

„Работата од дома во вакви размери е исклучок што го бара сегашната пандемија. Во изминатите неколку месеци во компаниите е направено многу за усогласување на хигиенските прописи и концептите за заштитат при работа. Споредбено гледано, работното место е „безбедно место“ кога е во прашање можноста за инфекција, вели Далгер. Бројни експерти меѓутоа сметаат дека за уште подобра заштита од инфекција, контактите треба дополнително да се ограничат и да се намали мобилноста.

И сојузот на синдикатите гледа негативни страни. Работата од дома е напорна за многу луѓе, според шефот на синдикатот ДГБ, Рајнер Хофман. Всушност, покрај многу вработени кои би сакале да работат од дома, но досега не им било дозволено или не можат, има и многу кои сакаат да се вратат во канцеларијата што е можно поскоро по неколку месеци во „домашната канцеларија“.

Особено самците повеќе не можат да ја поднесат осаменоста дома. Другите се очајни дека училиштата и градинките се затворени и оти не можат да работат непречено дома. Во истражување на неделникот „Шпигел“, 38 проценти од анкетираните кои имаат деца се против задолжителна работа од дома.

Севкупно, меѓутоа, во истражувањето спроведено од институтот Сивеј, 56 проценти принципелно се залагаат за забрана за работа во канцеларија, додека  32 проценти се против.

Освен работата од дома предмет на дискусија, пред денешниот клучен состанок на канцеларката и покраинските премиери, беа и други можни заострувања, како на пример, забрана за излегување во ноќните часови, со цел ограничување на приватните контакти, како и задолжително носење на заштитни маски од типот ФФП2 во продавниците и во јавниот превоз. Исто така не е на повидок ниту отворање на училиштата и градинките.

 

Kinkartz Sabine Kommentarbild App
Сабине Кинкарц новинарка на ДВ