1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали Европа може да профитира од протекционизмот на Трамп?

Џеферсон Чејс
28 јануари 2017

Досегашниот министер за економија на Германија Зигмар Габриел вели дека Европа може и треба да го пополни просторот кој САД го остава зад себе со новите трговски политики на Трамп. Фокусот е ставен кон Пацификот и Азија.

https://p.dw.com/p/2WO3z
Hongkong Bundeswirtschaftsminister Sigmar Gabriel in der Tunnel-Baustelle der deutschen Firma Herrenknecht
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. von Jutrczenka

Претседателот на САД можеби нема време за договорот за Транс-пацифичко партнерство (ТПП) - но Европа може да профитира од интензивирање на економските партнерства со Азија. Тоа е пораката која ја пренесе заменик канцеларот и досегашен министер за економија Зигмар Габриел во интервју објавено еден ден откако Доналд Трамп го откажа учеството на САД во ТПП.

„Доколку Трамп започне трговска војна со Азија или Јужна Америка, тоа ќе отвори можности за нас“, изјави Габриел за бизнис весникот Ханделсблат и додаде дека: „Американската економија често не е конкурентна, додека германската економија е“.

Останатите 11 земји вклучени  во ТПП велат дека ќе продолжат да работат за реализација на договорот и без учеството на САД во него. Габриел ги карактеризираше новите политики на Вашингтон како грешка.

„Протекционизмот на Трамп ќе биде многу скап за Американците – економијата не работи на притисок и наредби од политичари“, изјави Габриел. „За Европа, гледам можност доколку Трамп се дистанцира не само од Кина, туку од цела Азија. Европа треба брзо да направи нова стратегија за Азија. Треба да го искористиме просторот што зад себе го остава Америка“.

Габриел не е обожавател на Трамп. Но, неговите погледи кон можните придобивки кои може да произлезат од американскиот протекционизам го рефлектираат растечкиот сентимент низ политичкиот спектар во Берлин.

Опција за добредојде

Голем дел од ставовите на Габриел потсетуваат на препораките за трговската политика предложени од членовите на конзервативната ЦДУ-ЦСУ на Ангела Меркел. Михаел Фукс, координатор на пратеничката група на ЦДУ, гледа можност за Европа да го пополни просторот кој зад себе го остава американсиот изолационизам. Тоа може да значи и потенцијално вклучување во ТПП.

„Зошто да не?“, изјави Фукс за Дојче Веле. „Доколку Американците се откажуваат од ТПП, ние може да рамислиме дали треба да се вклучиме“. 

China Donald Trump auf Titelseite einer Zeitschrift
Откажувањето на Трамп од ТТП е шанса за Европа?Фотографија: Getty Images/AFP/G. Baker

Фукс, кој е поранешен претседател на Германската федерација за надворешна трговија и има долгогодишноискуство во евро-азиските бизнис односи, вели дека Азија може да и понуди на Европа нова опција, во случај економските односи со САД да се оладат.

„Кинескиот претседател во Давос кажа дека би можел да замисли поблиска соработка со Европeјците - тоа е можност која треба да ја искористиме“, вели Фукс. „Јас сум оптимист дека тука може да се склучи договор, тоа треба да го сториме, затоа што не знаеме како ќе се развиваат работите со Трамп“.

Фукс потенцира дека големата популација на Кина и Индија претставува атрактивен пазар за извоз на германските компании, споредено со релативно „заситениот“ американски пазар. Сепак има еден проблем – тоа е реципроцитетот. Кинеските и европските компании не функционираат под исти правила кога станува збор за странската сопственост на фирмите или царините кои им се наплаќаат.

И покрај неизвесноста која доаѓа од Белата куќа, Фукс не очекува сеизмичко поместување на светската трговија. Обврските од трговските договори мора да се почитуваат и тоа не е се.

„Американците брзо ќе сфатат дека има е потребна трговијата со Европа и обратно“, предвидува Фукс. „Не сметам дека Американците ќе можат без Европејците како добавувачи, барем не без Германците, затоа што ние ги снабдуваме со голем број производи кои им се потребни“.

„Сопствена гео-политичка цел“

Никој не е сигурен колку е спремен да ризикува Трамп и да предизвика трговска војна во интересот на протекционизмот. Германските економски експерти се согласуваат со политичарите дека првиот потег на новиот претседател во оваа област беше погрешен. Според Келнскиот институт за економси истражувања (ИВ), прва последица од повлекувањето на САД од ТПП, може да биде обид на Кина да склучи договор со земјите од ТПП.

„Мислам дека Америка остварува сопствена гео-политичка цел“, изјави аналитичарот Јирген Матес за ДВ. „ТПП беше дизајниран да ја изолира Кина и САД сега се откажаа од тоа“.

USA TPP Protest
Малку е веројатно Трамп да се откаже од економските области како Азија во интерес на ригидниот протекционизам.Фотографија: Getty Images/AFP/

Економистите се согласуваат дека Германија и ЕУ треба да ги зајакнат трговските врски со Азија како осигурување против можноста од рестрикција на извозот во САД. Но, и оваа стратегија носи потенцијални ризици. Никој не сака да го отуѓи традиционалниот трговски партнер за да не предизвика глобална трговска војна.

„Доколку се оддалечите од трговскиот партнер со кого сте имале децении долга и блиска соработка и формирате нови врски, тоа секогаш вклучува ризик“, вели за ДВ економистот Торе Шлак од германскиот Институт за економија од Берлин. „Индија исто така е пример. Тоа е голема земја со милијарда луѓе, но за германските компании тоа е во голема мера неистражена територија".

Гигантска асиметрија

Колку е веројатна голема преориентација на Европа вон нејзиниот примарен трговски партнер и кон земијте од Азија и Јужна Америка?

Боб Шлак и Матес сметаат дека традицијата, меѓусебната зависност и постоечките договори, правила и институции како што е Светската трговска организација ќе спречат прекинување на трговските врски помеѓу САД и Европа. Но, помалите нации може да се соочат со потешкотии.

„Мислам дека Трамп одново ќе преговара за условите во договорите со помалите земји како Канада и Мексико во кои тој ќе биде во позиција да диктира построги услови“, изјави за ДВ, Габриел Фелбермајер, директор на минхенскиот Центар за надворешна трговија (ИФО) за ДВ. „И тие ќе ги прифатат тие услови. Асиметриите се огромни. САД претставуваат една четвртина од светскиот пазар".

Многу ќе зависи и од подготвеноста на Трамп да ја води „Америка прво“ агендата против поголемите трговски партнери. Тројцата економисти се согласуваат дека е малку веројатно тој да се откаже од економските области како Азија во интерес на ригидниот протекционизам.