1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГлобално

Дали е ова најскапата маска во светот?

СН/дв
15 август 2020

18 каратно бело злато, 3.600 скапоцени камења, црни и бели дијаманти... Цена: 1,5 милиони долари. Погледнете како изгледа оваа екстравагантна маска за заштита од коронавирусот.

https://p.dw.com/p/3gtbu

Можеби најскапата заштитна маска во светот ја  изработува израелската компанија за накит Ивел,  и има огромна цена.

 Исак Леви, дизајнер и сопственик на Ивел открива повеќе детали за неа: „Изработена е од 18 каратно бело злато, со 3.600 камења, црни и бели дијаманти, за цена од 1,5 милиони долари“. 

Откако ќе биде заврши, во неа може да се стави филтер Н99, кој доколку маската правилно се носи обезбедува речиси стопроцентна заштита од коронавирусот. 

Повеќе:Фотографија на денот: Златна заштита од Ковид-19

„Никогаш не сте виделе нешто слично, поставувањето на многу дијаманти е малку стресно, но ќе успееме“, вели Безалел Купер, вработен во Ивел.

Од компанијата велат дека маската е нарачана од кинески бизнисмен кој живее во САД. 
Но, блескавата заштитна маска, веројатно нема да биде многу практична за носење, бидејќи се очекува да тежи 270 грама.