1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција треба да си го обели образот

25 март 2010

Брисел е оптимист пред средбата на македонскиот премиер Никола Груевски и грчкиот, Јоргос Папандреу (25.03.2010). Пратеникот Јорго Шацимаркакси апелира до Грција да собере симпатии во ЕУ со решение на спорот со името.

https://p.dw.com/p/Mbnk
Фотографија: AP

Македонскиот премиер Никола Груевски го запозна европскиот врв со аспирациите и плановите на неговата држава во однос на Европската унија.

Груевски вчера оствари средби со трите клучни институции на ЕУ, секаде ја остави истата порака – Македонија треба да добие датум за преговори за членство и вложува максимален напор за изнаоѓање решение за спорот со името. Тој на претседателот на Европскиот совет му порачал дека Македонија прави се‘ за да ги исполни условите на ЕУ, да одржи стабилни меѓуетнички односи и да го исполни Охридскиот рамковен договор, како и да го надмине проблемот со Грција околу името. Груевски од Ван Ромпој побарал колку што може да се влијае врз процесот на отпочнување на преговори со ЕУ.

Се‘ се врти околу името

Решението за спорот со името е клучот кој ќе ги отвори европските врати за Македонија, но македонски владини извори коментираат дека не очекуваат многу од денешната средба, она што е важно, велат, е да се создаде атмосфера на доверба.

Брисел од друга страна е поголем оптимист. Од сите европски институции исто охрабрување, со посебна порака до грчката влада, од европратеникот Јорго Шацимаркакис – решението за спорот со името ќе и‘ донесе на Грција неопходни симпатии од европските партнери во момент кога се соочува со тешка економска криза. Грција треба да си го обели образот и да покаже успех пред европските партнери во овој момент, а тоа најдобро ќе го стори со решавање на проблемот со Македонија, изјави Шацимаркакис.

Mazedonien EU-Parlamentarier Jorgo Chatzimarkakis Skopje
Европарламентарецот Јорго ШацимаркакисФотографија: Petr Stojanovski

Да не се заборават реформите

Спорот за името не смее да го одвлече вниманието на македонската влада од европските реформи, потсети известувачот Зоран Талер.

Ако 2009 беше успешна реформска година за Македонија, тоа така мора да остане и во 2010. Ланските успеси не смеат да го намалат реформското темпо оваа година, бидејќи постои сериозен ризик европскиот извештај за Македонија оваа година да биде понегативен од минатата година, особено во делот на независноста на судството, корупцијата и човеквите права.

Средбата на грчкиот премиер Јоргос Папандреу и на македонскот, Никола Груевски ќе се одржи во Советот на ЕУ денеска попладне.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Жана Ацеска