Град на маските: започна карневалот во Венеција
Маски, балови и голтачи на оган- во Италија започна најпознатиот европски карневал
Венеција: Игри со маски (Civitas Ludens)
Веројатно најпознатата карневалска прослава покрај Рио де Жанеиро. 16-дневната веселба ќе трае до 13 февруари, еден ден пред Среда Пепелница. Годинешното мото гласи 'Creatum: Civitas Ludens;' што во слободен превод значи Креативност: игри со маски .
Вековна традиција
Мештаните велат дека карневалот во Венеција потекнува од 1162 година, кога се одржал за првпат во рамките на прославата на воена победа на Венецијанската Република. Карневалот беше забранет за време на владеењето на императорот на Светата римска империја Франц II во 1797, а повторно обновен дури во 1979 година.
Маскарада
Маските долго играат важна улога на Карневалот во Венеција. Постојат неколку карактеристички стилови на маски, а најпозната е клунестата 'Medico Della Peste' или маска на лекар кој лечи од чума. Секоја година се доделува награда за најубава маска од страна на меѓународно жири.
На бал
Раскошните вечери и балови кои го одразуваат средновековниот или подоцнежните стилови се основен елемент на Карневалот. Доколку можете да си ја дозволите влезницата, се разбира. Честопати, влезот на еден бал надминува повеќе стотици евра.
Општа забава
Денес, околу 3 милиони туристи желни за забава ја „окупираат“ Венеција во деновите на Карневалот. Забавата започнува со пиење и танцување на познатиот плоштад Св. Марко во центарот на градот.
Парада на светла
Огнометите и изведувачите на гондоли се уште еден интегрален дел од фестивалот. На оваа фотографија голтачите на оган ги одушевуваат гледачите на церемонијата на отворање на годинешното издание на Карневалот.