Град на маските: започна карневалот во Венеција
29 јануари 2018Реклама
Над три милиони туристи и годинава ќе ја посетат Венеција во деновите на карневалот во обид да ја почувствуваат атмосферата која го краси градот со векови наназад. Карневалот беше отворен на 27 јануари со спектакуларен огномет и бројни традиционални фестивалски точки. Дефилето на маските трае до 13 февруари. Повеќе за историјата и карневалските традиции погледнете во галеријата на фотографии: