1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Фотографија на денот: Загубениот антички град во Египет

12 април 2021

Стар е околу 3000 години, а го пронајдоа случајно - загубениот антички град во Египет е најверојатно многу поголем отколку што досега се претпоставуваше.

https://p.dw.com/p/3rr4M
BdTD Ägypten | Grabungen in 3000 Jahre alten «verlorenen Stadt»
Фотографија: Amr Abdallah Dalsh/REUTERS

„Пронајдовме само дел“, изјави египтологот Сахи Хавас при обиколката на археолошкото наоѓалиште. Ископувањата најверојатно ќе траат со години. „Загубениот“ град е од времето на кралот Аменофис Трети, кој владеел во Египет отприлика од 1391 до 1353 година пред новата ера. „Многу странски мисии го бараа овој град и никогаш не го најдоа“, вели Хавас. „Откривањето на загубениот град е второ најважно откритие по гробницата на Тутанкамон (откриена во 1922 година, н.з.)“, изјави професорката по египтологија на универзитетот „Џонс Хопкинс“, Бетси Брајан.