Голема побарувачка за бункери!
3 мај 2017Продажбата на атомски бункери, со оглед на актуелните тензии околу Северна Кореја, во Јапонија е исклучително зголемена.
Малата фирма од Осака, ЦЕО Шелтер компанија, е специјализирана за производство на атомски бункери. Нејзиниот директор Сеихиро Нишимото има изградено еден модел-бункер во својот подрум.
„Откако Доналд Трамп стана американски претседател и Северна Кореја зачестено врши лансирање на ракети и изведува атомски тестови, заинтересираноста е повеќекратно зголемена во однос на минатото. Во моментов имаме околу 400-500 заинтересирани и повеќе порачки. Околу 40 до 50 муштерии веќе ги најавија своите нарачки“.
Нуклеарните бункери кои ги произведува претпријатието од Осака имаат опрема за прочистување на воздухот и блокирање на штетното зрачење. Бункерите се опремени и со залихи од храна.
Пјонгјанг се закани со натамошно изведување атомски тестови, „во секое време и на која било локација“.