1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Глад во светот

ЕМФ
10 јули 2021

Во текот на изминатата година во светот од глад биле погодени речиси шестпати повеќе луѓе отколку во годината пред тоа.

https://p.dw.com/p/3wIhJ
Guatemala I Hungersnot I Nahrungsmittelknappheit
Фотографија: Moises Castillo/AP/picture alliance

Недостигот од животни намирници во многу делови од светот драматично се зголемил. Според хуманитарната организација Оксфам, зголемениот глад се должи не само на пандемијата на коронавирусот, туку и на конфликтите и промените на климата.

Двајца од тројца гладни во светот живеат во земји каде што владее војна. Тука треба да се додадат и „големите последици“ од економските шокови „заострени со пандемијата“, наведува Оксфам. „Масовната невработеност“ и многу пореметено производство на прехранбени намирници доведоа до зголемување на цените на светските пазари за 40%, што претставува најголемо зголемување во последната деценија.

Од глад во светот се погодени 155 милиони луѓе. Во Гватемала, од каде што доаѓа нашата #ФотографијаНаДенот, околу 60% од населението живее со помалку од 3,5 долари дневно. Тоа се гледа и од трпезата на Елда Перез Ресинос.