Германските банки ќе и` помогнат на Грција
1 јули 2011Грчкиот парламент вчера го усвои законот за примена на мерките за штедење. Ригорозната владина програма за штедење предвидува намалување на платите, отпуштање работници, зголемување на даноци и продажба на јавни претпријатија. Со усвојувањето на законските текстови од Парламентот на Грција веќе се исполнети условите да биде донесена одлуката за доделување на следниот дел од финансиската помош за државата, како и за брз напредок кон вториот пакет помош, се наведува во заедничкото соопштение на претседателот на Советот на Европската унија, Херман ван Ромпој и претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. Двајцата истакнуваат дека во сегашните тешки услови, оваа одлука беше акт на манифестација на национална одговорност. Веруваме во иднината на Грција, благодариме за европската поддршка и солидарност и ги повикуваме сите грчки партии да работат заедно, бидејќи не‘ чека тешка работа, нагласуваат Ромпој и Баросо.
Автор: ЕМФ/ ТТ/ дв
Редактор: Александра Трајковска