1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски топ десет

15 ноември 2010

Дојче веле ви ги претставува најпродаваните синглови и албуми во Германија за изминатата недела.

https://p.dw.com/p/Q7Lm
Проектот Duck Sauce неделава единствен новитет меѓу врвните десет

1. Over the Rainbow - Israel "Iz" Kamakawiwo'ole

На првото место веќе деветта недела по ред и натаму како неприкосновен шампион останува Israel Kamakawiwole со темата Over The Rainbow.

2. Only Girl (in the World) - Rihanna

Непријатните моменти во односите меѓу Katy Perry и Rihanna се чини дека завршија со хепиенд. Katy Perry неодамна изјави дека и` простила на Rihanna што не успеа да стигне на нејзината венчавка во Индија.

3. Barbra Streisand - Duck Sauce (новитет)

Зад Duck Sauce стојат диџеите Armand Van Helden и A-Trak, а доколку мислите дека за синглот Barbra Straisend се послужиле со делови од песната на бендот Boney M, тогаш сте само делумно во право. Причината е што дури ни синглот на Boney M не е вистинскиот оригинал на песната, туку таа потекнува од германскиот бенд Nighttrain и се вика Hallo Bimmelbahn.

Flash-Galerie Usher American Music Awards 2004
Usher ја почна светската турнејаФотографија: AP

4. I Need a Dollar - Aloe Blacc

Американскиот пејач Aloe Blacc ја почнал музичката кариера во 1995 година во бендот Emanon. Покрај вокалните способности, тој уште во основно училиште научил да свири труба, а потоа и гитара и клавир.

5. DJ Got Us Fallin' in Love - Usher

Usher ја почна големата светска турнеја, во чии рамки во ќе настапи во Оберхаузен и Берлин. При неодамнешната посета на Германија, Usher откри дека пред почетокот на турнејата избегнува да јаде месо, бидејќи така се чувствува полесно.

6. Wonderful Life - Hurts

Минатата недела беа доделени германските медиумски и телевизиски награди „Бамби“, а британското дуо Hurts ја доби статуетката за „Нова надеж“, односно најдобри дебитанти. Тие во живо го изведоа хитот Wonderful Life, а во меѓувреме веќе го промовираат и спотот за новата песна, насловена Stay.

7. Run - Leona Lewis

Британската пејачка Leona Lewis минатата недела се најде во таблоидите, но не поради нејзината музичка кариера. Таа имено била фатена од папараците како ужива во друштвото на германскиот танчер Dennis Jauch. Двајцата наводно заедно слетале во Лос Анџелес, а Leona вооопшто не се криела од љубопитните фотографи.

Rihanna Performance bei Good Morning America Flash-Galerie
Осмата позиција ја држат Eminem и RihannaФотографија: AP

8. Love the Way You Lie - Eminem feat. Rihanna

Веќе е официјално потврдено дека Eminem и Rihanna ќе издадат „продолжение“ на синглот Love The Way You Lie, на кој овојпат позастапена ќе биде Rihanna. Целта на песната е да покаже дека секоја врска има и темна и светла страна. Rihanna наводно се двоумела дали е најпаметно продолжението да го издадат веднаш по оригиналот на Love The Way You Lie, но на крајот сепак се одлучила да ги послуша менаџерите.

9. Stay the Night - James Blunt

Третиот албум на James Blunt, насловен Some Kind Of Trouble беше издаден минатата недела, а пејачот изјави дека главното мото при неговата подготовка било: да се забавуваме колку што можеме повеќе. Британскиот музичар планира и светска турнеја следната година. Неговите претходни два албуми се продадоа во повеќе од 18 милиони примероци.

10. Dynamite - Taio Cruz

Новиот сингл на Taio Cruz се вика Higher, на кој соработува со поп-сензацијата Kylie Minogue. Тој првично ја напишал песната за австралијската пејачка, но поради непознати причини, таа не влегла на нејзиниот нов албум. Наместо тоа, Taio Cruz и Kylie Minogue снимија дует, кој се најде на албумот на Taio Cruz, Rockstarr.

На следната страница ви ги претставуваме и трите најпродавани албуми.

MTV European Music Awards 2010 Preisträger
Bon Jovi на второто место на германската албумска листаФотографија: AP

1. На првата позиција нема промени, германската пејачка Andrea Berg и натаму го држи врвот на албумската листа со изданието Schwerelos.

2. На второто место се пласира американскиот состав Bon Jovi и неговиот најнов албум со најголемите хитови.

3. Германскиот бенд Unheilig неделава успева да се врати меѓу трите најбарани албуми со плочата Große Freiheit.

Автор: Media Control Gfk/TT

Редактор: Жана Ацеска