1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германска министерка поднесе оставка поради плагијат

СН/агенции
19 мај 2021

Сојузната германска министерка за семејство, Франциска Гифај, поднесе оставка, потврдија од министерството. Причина се обвинувањата дека нејзината докторска дисертација е плагијат.

https://p.dw.com/p/3tbmc
Deutschland Vorstellung Schutzbrief gegen weibliche Genitalverstümmelung | Franziska Giffey
Фотографија: Dorothee Barth/dpa/picture alliance

Во Сојузното министерство за семејство потврдија дека министерката Гифај својата одлука ја соопштила утрово на седница на владата. Таа тоа го образложила со расправата за нејзината докторска дисертација.

Очигледно е оти Слободниот универзитет во Берлин има намера да ѝ ја одземе докторската титула на Франциска Гифај, за што веќе пишуваше неделникот „Фокус“.

Сомнежите дека кај нејзината докторска дисертација се работи за плагијат се појавија во февруари 2019 година.

Повеќе:

-Докторската титула на претседателот на Бундестагот - плагијат?

-Оставка на министерката поради аферата за плагијат

-Жестока борба за докторска титула

 

Deutschland Berlin Familienministerin Franziska Giffey tritt zurück
Фотографија: Michele Tantussi/dpa/Reuters/picture alliance

Во ноември минатата година таа соопшти оти веќе нема да ја носи докторската титула која ја добила во 2010 година.

Франциска Гифај (43) од 2018 година е сојузна министерка за семејство. Од ноември 2020 година е претседателка на Социјалдемократската партија во Берлин и носител на листата на СПД за градоначалничка на Берлин.

Изборите за градски/покраински парламент во Берлин би требало да се одржат истовремено со сојузните избори за Бундестагот на 26 септември годинава.