1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија ќе остане во делумен „локдаун“ до 20 декември?

Улрике Кваст
21 ноември 2020

Корона-рестрикциите, според медиумски извештаи, треба да бидат продолжени, а делумно и заострени. Рестрикциите воведени на почетокот на ноември покажале помал ефект од очекуваниот, јавува Ројтерс.

https://p.dw.com/p/3ldxr
Maßnahmen gegen Corona treten in München in Kraft
Фотографија: Peter Kneffel/dpa/picture alliance

Покраинските премиери треба да се сретнат со канцеларката Ангела Меркел и да разговараат за корна-рестрикциите за отприлика една недела. Но, веќе сега се тврди дека нема да има олабавување на мерките за субивање на пандемијата. Весникот „Берлинер Моргенпост“ и порталот „Бизнис Инсајдер“, повикувајќи се на извори во покраините, јавуваат дека делумниот „локдаун“, ќе биде продолжен до 20 декември.

Агенцијата Ројтерс и други медиуми јавуваат дека најверојатно е оти угостителските објекти, културните институции и објектите за забава и слободно време, ќе останат затворени, аучилиштата ќе добијат нови протоколи за работа. Трговијата на мало, пак, како што се тврди, ќе продолжи да функционира како досега. Според Ројтерс, во сојузната и покраинските влади владее отрезнување, затоа што рестрикциите воведени на почетокот на ноември покажале помал ефект од очекуваниот.

Deutschland Coronavirus Shutdown Münster
Фотографија: Rolf Vennenbernd/dpa/picture alliance

Сојузниот министер за здравство Јенс Шпан, пак, изрази задоволство од ефектите од делумниот „локдаун“. „Кршењето на бранот (на пандемијата н.з.) сепак функционира“, изјави тој за весникот „Велт“. Шпан додава дека експоненцијалниот раст е прекинат, но исто така вели и дека постои согласност кај сите дека „тоа не е доволно, но сепак повторно е успешно“.

Повеќе:

Истражување: Германците се оптимисти и покрај короната

Водени топови за разбивање на демонстрациите во Берлин

Германската политика со апел до граѓаните: Ве молиме, без приватни прослави

Институтот „Роберт Кох“ соопшти дека во последните 24 часа има 22.964 новоинфицирани со коронавирус и 254 починати. Со тоа бројот на инфицирани се зголеми на 902.528, а бројот на починати од почетокот на пандемијата изнесува 13.884 лица.