1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија треба да „увезува“ 260 илјади работници годишно

БГ/ ДВ
12 февруари 2019

Студија на Фондацијата Бертелсман открива дека на Германија нема да ѝ биде доволен приливот на работна сила од земјите на ЕУ. На земјата ќе ѝ требаат најмалку уште 146 илјади работници годишно од земји надвор од ЕУ.

https://p.dw.com/p/3DBft
Deutschland Wirtschaftsaufschwung
Фотографија: Getty Images/J.-U. Koch

На Германија ѝ требаат најмалку 260 илјади нови работници од мигрантско потекло годишно сѐ до 2060 година за да ги задоволи своите потреби и да го покрие демографскиот недостаток.

Од таа бројка, околу 146 илјади луѓе секоја година ќе треба да имигрираат од земји кои не се членки на ЕУ, покажува истражувањето на Фондацијата Бертелсман. 

Повеќе на темата: Германија и мигрантите: Барани и дискриминирани

Поради стареењето на нејзиното население, се проценува дека работната сила во Германија ќе опадне за една третина, или за 16 милиони луѓе до 2060 година, доколку не се зголеми имиграцијата. Без нови странски работници, недостатокот на работна сила може да има катастрофално влијание врз четвртата најголема економија во светот.

Студијата проценува дека околу 114 илјади луѓе ќе имигрираат од други земји на ЕУ, но демографскиот фактор и економското приближување меѓу земјите од ЕУ ќе го намалат поттикот за работниците да се доселуваат во Германија. 

Повеќе на темата: Работа во Германија: ништо без знаење на јазик

Директорот на Бертелсман, Јерг Дрегер вели дека официјалните бројки покажуваат оти само 38 илјади работници дошле и останале во Германија во 2017.
Во студијата се заклучува дека Германија под итно мора да донесе имиграциски закони со кои ќе се привлечат средно и високо обучени работници, но и да развие поробустна програма за интеграција.