1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија тагува по храбрата студентка Тугче

Верица Спасовска/ Превод: Жана Ацеска1 декември 2014

Цивилниот кураж да им помогне на две девојчиња, малтретирани од група момчиња, студентката со турско потекло го плати со живот - умре по бруталниот напад врз неа. Да се надеваме, не залудно, смета Верица Спасовска.

https://p.dw.com/p/1Dxm0
Фотографија: picture-alliance/dpa/Roessler

Германија доби нова хероина, а загуби девојка полна животна радост.

Тугче, храбрата студентка на Педагошкиот факултет во Гизен со турско потекло, својот ангажман за послабите го плати со живот. Таа се ставила во одбрана и застанала меѓу неколкумината тепачи и младите беспомошни девојчиња, станувајќи и самата жртва. Едно од момчињата ја нападнало пред ресторан за брза храна во Офенбах, при што паднала и удрила со глава на подот, паѓајќи во кома од која не се разбуди. Апаратите кои вештачки ја одржуваа во живот беа исклучени на денот на нејзиниот 23. роденден. Цела Германија тагува по оваа храбра млада жена, полна животна радост. Цела Германија со почит ја наведнува главата пред неа.

Во ноќта на нејзината смрт, стотици луѓе се собраа на мирен протест пред болницата во која Тугче лежеше дотогаш, додека апаратите не беа исклучени. Стотици илјади луѓе преку социјалните мрежи го изразија своето сочувство и восхитување. Сочувството стигна дури и од круговите на политиката: германскиот претседател Јоахим Гаук не само што им пиша на нејзините родители за да ја изрази својата ужаснатост од нејзината смрт, туку го изнесе и своето размислување - да ја одликува Тугче постхумно со сојузното признание Крст за заслуги за нејзиниот цивилен кураж.

Am Abend ihres Todes hielten Hunderte Menschen vor dem Krankenhaus, in dem sie bis lag, Mahnwache - bis die Geräte abgeschaltet wurden. Hunderttausende bekundeten in den sozialen Netzwerken ihr Mitgefühl und Bewunderung. Die Anteilnahme reicht bis weit in die Politik: Bundespräsident Gauck hat nicht nur ihren Eltern geschrieben und sein Entsetzen über ihren Tod ausgedrückt, sondern er überlegt, Tugce posthum das Bundesverdienstkreuz für ihre Zivilcourage zu verleihen.

Случајот Доминик Брунер

Ужасната смрт на младата германска Турчинка потсетува на еден многу сличен случај во Германија од пред пет години. А сепак сегашниот е поинаков. Тогаш менаџерот Доминик Брунер во трамвај се стави во одбрана на беспомошен ученик и самиот беше претепан до смрт. Тоа што неговото заземање за послабите го плати со живот, во Германија предизвика повеќенеделни дебати за цената и смислата на цивилниот кураж. И за Доминик Брунер следеше бран сочувство и респект.

Verica Spasovska
Верица СпасовскаФотографија: DW/M. Müller

И денес, исто како и тогаш, секој може да си го постави прашањето: како би реагирал јас самиот ако некој, кој е послаб, биде во опасност? Дали би имал храброст за толкав цивилен кураж и би ризикувал, иако би можело да биде опасно и по мене? Тогаш, како и денес, преовладувачкото јавно мислење е: правилно е да се вмешаш, иако цената за ангажманот во најлош случај може да испадне превисока. Судбината на Доминик Брунер брзо исчезна од насловите во медиумите. Дали и смртта на Тугче наскоро ќе падне во заборав? Да се надеваме дека нема! Зашто, при сите паралели со смртта на Доминик Брунер, овојпат улога игра и нешто друго: смртта на Тугче во себе крие шанса, зашто може да ја промени нашата негативно насочена дебата за доселувањето.

Интегрирани мигранти, какви и‘ се потребни на Германија

Дискусијата за доселувањето во Германија пречесто се ограничува на проблематичните случаи, на маргиналните групи, на оние доселеници кои не сакаат да се интегрираат и живеат во своите паралелни светови. Овојпат меѓутоа самата хероина има мигрантско потекло. Восхитени сме од млада жена со турски корени, која сакала да биде учителка и била заинтересирана за својот општествен развој, а се ангажирала и за мирољубив соживот. Понатаму, таа е претставничка на онаа голема група луѓе со странски корени, кои релевантно придонесуваат за општествениот развој овде и од кои Германија профитира во голема мера: демографски, економски, културно. Ова сознание е потврдено од бројни студии. Но, податоците, бројките и фактите речиси немаат влијание врз најчесто емоционално водените јавни дискусии. Поединечните судбини се оние кои се врежуваат во нас. Во овој случај тоа е една храбра, убава, млада германска Турчинка, која сега има свое место во срцата на Германците.