1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Германија: Огнена стихија по ракетен тест

СН/ агенции
22 септември 2018

Веќе две недели во северо-западна Германија гори голем пожар предизвикан од ракетен тест на Бундесверот. Во регионот Емсланд е прогласена вонредна состојба, а таму денеска е и министерката за одбрана.

https://p.dw.com/p/35KgQ
Deutschland Moorbrand in Meppen
Фотографија: picture-alliance/dpa/L.-J. Klemmer

Министерката за одбрана на Германија Урсула фон дер Лајен (ЦДУ) денеска престојува во Емсланд. Таа во воениот полигон на Бундесверот во близина на Мепен стекнува слика за катастрофалниот пожар и за ситуацијата на теренот. На програмата се и разговори со противпожарната бригада, која со околу 1000 мажи и жени учествува во операцијата за гаснење на пожарот во мочуришната област кој гори веќе цели две недели.

Голем пожар во северозападна Германија

Фон дер Лајен треба да ги посети и околните места каде вчера беше прогласена вонредна состојба и каде што најмалку 1000 луѓе се подготвени за евентуална евакуација.

Пожарот избувна на полигонот за вежби на Бундесверот во близина Мепен откако од хеликоптер беа испукани ракети.  Според информациите на Бундесверот, во меѓувреме, пожарот зафатил  површина од 800 хектари во околната мочуришна област. Портпаролот на министерството за одбрана Јенс Флосдорф изјави дека ситуацијата е многу сериозна и се извини за евентуалните грешки. Чадот од пожарот во меѓувреме се прошири во радиус од 100 километри и може да се види од сателит.

Deutschland Moorbrand in Meppen
Фотографија: picture-alliance/dpa/WTD 91/Bundeswehr