1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија мора да се извини за геноцидот во Намибиjа

Клаус Штекер/превод:Н. Домазетовиќ23 јули 2016

Германската влада со задоцнување ги призна убиствата извршени врз етничките групи Хереро и Нама во југозападна Африка како геноцид. Она што сега недостасува е извинување, смета Клаус Штекер.

https://p.dw.com/p/1JPbE
Berlin Gedenkstein Namibia Ida Hoffmann
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Pilick

Геноцид е геноцид. Кога актуелна тема беше Отоманскиот масакар врз Ерменците во 1915 година, Германските праламентарци со леснотија го користеа овој термин. Впрочем, постоеше големо мнозинство и едногласност во осудувањето на Отоманската Империја. Можеби тоа беше така затоа што се работеше за Турција и нејзините национални митови. Турскиот претседател Ердоган возврати: Германија е последната земја што може да суди за тоа дали Отоманците извршиле геноцид или не. Прво треба да поведе сметка за повеќе од 100.000 убиства врз племето Хереро во југозападна Африка.

Ердоган беше во право. Фактот што никогаш немаше недвосмислено објаснување е „помалку срамен“ вели Норберт Ламерт, претседател на Бундестагот од редовите на демохристијаните. Неодамна почнаа да се создаваат услови за да се признае дека масовните убиства, всушност се геноцид. Имено, тоа отпочна кога владата го исфрли од својата реторика со децении користениот аргумент дека терминот „геноцид“ може да се употребува за настани кои се случиле по стапувањето на сила на Конвенцијата на ООН за превенција и казнување на злочинот геноцид од 1951 година.

Страв од репарации

На комеморативна церемонија во 2004 година во Вотерберг, министерот за развој на Германија Хајдемари Вичорек Цојл, од редовите на социјалдемократите, изјави дека убиствата на племињата Хереро и Нама можат да бидат третирани како геноцид „со оглед на нашето сфаќање на терминот денес“. Иако претпазливо, таа испорача и извинување во име на германската влада и од потомците побара прошка. Нејзината изјава ѝ предизвика проблеми со министерот за надворешни работи Јошка Фишер, од редовите на Зелените, кој беше загрижен дека исказот може да биде „основа за репарации“.

Stäcker Claus Kommentarbild App
Клаус Штекер

Искусните политичари не се ниту ревизионисти ниту цврсто се држат до своите линии. Тие бараат договор кој не се фокусира многу на минатото, туку ја антиципира иднина. Овој став го споделуваат и во Намибија.

Предизборно извинување

Преговорите би требало да завршат до крајот на годината, а се очекува Бундестагот и Владата да испорачаат краен став за прашањето на геноцидот пред општите избори во 2017. Тоа би требало да биде официјалното извинување кое потомците на племињата Хереро и Нама го чекааат со години.

Останува на историчарите да спорат дали Отоманското етничко чистење над Ерменците или Германската кампања на уништување во југозападна Африка е првиот геноцид во 20 век. Впрочем, во Намибија постојат голем број извори кои допрва треба темелно да се истражат. Исто така, во академската јавност постои отворена дебата за тоа како и колку луѓе всушност настрадале во нападите, како и под чија воена и политичка наредба биле изведени. На крајот, може да се испостави дека настрадале доста помалку од 100.000 луѓе. Некои од експертите тврдат дека воените трупи на тогашната империја кои биле во колонијата биле лошо опремени и не биле мотивирани да извршат „Африкански холокауст.“ Покрај другото, отворена е и можноста „големиот генерал на моќниот германски император“, Генералот Лотар фон Трота, како давател на наредбата за истребување да постапил самоволно, без дадени инструкции од императорот или канцеларот.

Критиките и превирањата на историчарите секако не носат правда на жртвите на ова злосторство, а често не го земаат предвид ни усното предание за историјата на племињата Хереро и Нама. Злосторствата се добро документирани и допрва треба да се надомести штетата. До сега, сите германски влади, безуспешно калкулираа дека со дарежливата помош за развој ќе успеат да им помогнат на Намибијците да заборават на минатото. Претставниците на власта во Германија во континуитет го деактуелизираа и делегирааа прашањето на најниските нивоа во Владата: Во 2011, одбранбените политички тактики придонесоа враќањето на останките на припадници на Хереро племето, од истражувачките институти во Германија да го претворат во вистинско во фијаско.

Останува кој ќе добие репарации и како прашањето котира на политичката агендата. Сепак, независно од тоа колку добра волја постои, ова сепак останува комплицирана тема. Во случајот нема преживеани, исто како што немаше ни во следниот геноцид на Германија, Холокаустот од 1945 година. Намибија која претставува мултиетничка држава не е заинтересирана да предизвика внатрешен натпревар помеѓу етничките групи со барање на индивидуални репарации. Активистите на етничката група Хереро се незадоволни и се жалат дека нивниот глас е слушнат, а исто така се заканувааат дека ќе го отворат прашањето пред Судот во Хаг. Прашањето останува отворено и продолжува да „крчка“ и покрај фактот што преговорите помеѓу Намибија и Германија во Виндхек беа карактеризирани како конструктивни и дека се одвиваат без конструкции.

Има долг што треба да се плати. Германија мора конечно да даде извинување, извинување што ќе биде официјално, достоинствено и уверливо. Што поскоро, тоа подобро.