1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: За прваче мора да се издвојат 2.250 евра

Среќко Матиќ
31 август 2018

Нова школска година, нови трошоци. Првачињата се радуваат, а родителите почнуваат да прават сметки. Тргнувањето во прво одделение не носи само голема промена во животот, туку и во семејниот буџет. Колку чини школувањето?

https://p.dw.com/p/345QH
DE_Facto Schule Kosten
Фотографија: DW

Тргнувањето во училиште никаде не е евтино, па ни во Германија. Најскапа е училишната чанта. Анатомски ранец за првачиња просечно чини 130 евра. Комплетен сет со футрола за моливи, кутија за појадок и спортска торба чини и до 240 евра. На тоа треба да се додаде и школски прибор – тетратки, вежбанки, боички... Листата е подолга и во просек тоа чини околу 170 евра.

Родителите уште на првиот родителски состанок ги чекаат нови давачки: класна благајна, годишна донација за школска опрема, превоз, целодневен престој, храна, излети....

Вкупно 2.250 за школска година или 11 евра за школски ден.

Германците многу прецизно ги пресметале и комплетните трошоци за основно и средно образование. Колкави се тие, погледнете во новото #DE_facto:

#DE_facto: За прваче - 2.250 евра