1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: 133 милиони евра за петарди и ракети

МС/ агенции
31 декември 2016

И оваа година Германците на преминот кон новата година кон небото ќе испалат огномети, овојпат во вредност од преку 133 милиони евра. Се препорачува внимателност, зашто илегалниот огномет може да биде многу опасен.

https://p.dw.com/p/2V5L1
Deutschland Böllerverbot an Silvester in Düsseldorf
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Naupold

Без оглед што речиси сите петарди, ракети и прскалки кои се трошат во Германија, се произведени во Кина, сепак во Германија пиротехничкиот сектор вработува околу 3.000 работници. Со оглед што Законот за поседување оружје и експлозивни средства во Германија дозволува продажба на ракети и петарди само од 29. до 31. декември, сите вработени мора да работат со месеци однапред за да успеат во само три дена да го остварат целиот свој годишен промет.

Deutschland Silvester in Köln
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Hitij

Јасно е дефинирана и можноста за користење пиротехнички средства: нив смеат да ги користат само полнолетни лица во периодот од 17:00 часот на 31 декември до 08: 00 часот на први јанураи. Секое испалување ракети надвор од овој период претставува прекршок кој може судски да биде гонет и за кој се плаќа парична казна. 

Deutschland Brandenburger Tor
Фотографија: picture alliance/chromorange/SPA

Оној кој сака да приреди огномет во текот на годината, на пример при свадба, роденден или годишница од бракот, мора да побара посебна дозвола од општинските власти и тоа најмалку четири недели однапред. Надлежната противпожарна служба потоа проверува дали се задоволени сите безбедносни стандарди, дали се почитува минималната оддалеченост од 200 метри од болници, цркви, детски градинки и старски домови и дали стојат на располагање средства за гаснење пожар во случај на незгода.

Spurensuche Neujahr
Фотографија: Fotolia/S. Katzenberger

Легално набавување пиротехнички средства во текот на 362 дена во годината е неможно, дозволено е само користење на стари залихи.