1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Генерален штрајк ја парализира Грција, судири во Атина

19 октомври 2011

Јавниот живот во Грција е во голем дел замрен поради генералниот штрајк кој почна денеска, а ќе трае и утре. Пред парламентот во Атина дојде до жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите.

https://p.dw.com/p/12vOG
Судири во АтинаФотографија: picture-alliance/dpa

Во Грција денеска се штрајкува во државните претпријатија, банките, министерствата, болниците, училиштата и сообраќајот. Затворени се и продавници и пекарници. На штрајкот, на определено време, му се придружија и контролорите на летање.

Во голем број градови десетици илјади луѓе излегоа на демонстрации, а пред парламентот во Атина дојде до жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Венизелос бара поддршка

Demonstration vor griechischem Parlament
Демонстрации пред грчкиот парламентФотографија: dapd

Со генералниот штрајк синдикатите сакаат да ја натераат владата на поумерен курс на штедење. Се очекува парламентот утре да гласа за нацрт-законот, кој предвидува зголемување на даноците, намалување на платите и отпуштања во државниот сектор.

Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос денеска повика на поддршка во текот на подготовката на пратенциите да го гласаат новиот владин пакет за штедење:

„Водиме мачна, но неопходна борба за да ја избегнеме последната и најтешка етапа од кризата“, изјави Венизелос пред грчките пратеници пред утрешното гласање.

Министерот изрази надеж за значајно и конечно решение на кризата пред средбата на врвот на ЕУ, закажана за во недела.

„ Луѓето треба да покажат разбирање за борбата на владата да го избегне најлошото“, истакна Венизалос.

Автор:ЕМФ/СН/дв/афп/миа

Редактор: Симе Недевски