1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скопје и натаму обвиено од смог

БГ
9 јануари 2018

Квалитетот на воздухот во Скопје во последните два дена е загаден над дозволеното, или во просек над 200 микрограми штетни честички на кубен метар. Активирани се мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето.

https://p.dw.com/p/2qYOb
Mazedonien Luftverschmutzung in Skopje
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Загадување со ПМ10 честички кое во просек се движи од 200 па до 600 микгрограми на метар кубен, густа магла, смрдеа, намалена видливост и голема опасност за здравјето. Тоа е реалноста на граѓаните на Скопје речиси секоја зима во последните децении. Во меѓувреме, градот се стекна и со „светска слава“ откако сѐ почесто се вбројува меѓу најзагадените во светот.  Владата и градските власти вчера повторно ги активираа вонредните мерки во случај на зголемено загадување, но ефектите се мали или никакви. На Скопје му е потребно долгорочно и сеопфатно решение за проблемот кој буквално убива. Дали најавената гасификација ќе помогне барем делумно во решавање на проблемот со загадувањето, скопјани ќе дознаат дури откако таа прво ќе биде реализирана. Дотогаш, единствениот спас се гас-маските за на улица и прочистувачите на воздух во домовите. За оние кои можат да си ги дозволат, се разбира.