1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гадафи ветува борба до последниот човек

2 март 2011

Либискиот лидер Моамер ел Гадафи во денешното (02.03.) телевизиско обраќање порача дека ќе има илјадници жртви, во случај САД и НАТО воено да интервенираат во Либија. За немирите ги обвини сите, освен сопствениот режим.

https://p.dw.com/p/10SIu
Моамер ел ГадафиФотографија: AP

Во моменти кога трупите верни на Моамер ел Гадафи ги враќаат под државна контрола градовите, кои претходно ги зазеде опозицијата, либискиот властодржец повторно имаше обраќање кое беше пренесувано на телевизија. Тој одново ги отфрли барањата и растечкиот притисок врз него од неговите граѓани и од странство да се повлече од фунцкијата, додавајќи дека тој „нема реална моќ“.

„Ќе се бориме до последниот маж, до последната жена, со помош на Бога“, изјави Гадафи, кој го повтори тврдењето дека терористичката мрежа Ал Каеда стои зад востанието против неговиот режим во Либија, кој трае веќе 41 година.

Гадафи: ОН носат одлуки врз основа на лажни извештаи

Muammar al-Gaddafi Tripolis Libyen Ansprache Fernsehen
Гадафи не попуштаФотографија: Libya State/AP/dapd

Гадафи исто така вети дека Либија ќе ги отвори вратите за меѓународна истрага за насилството на неговиот режим врз граѓаните, но истакна дека ОН донеле одлуки кои се базираат на погрешни извештаи:

„Како можат ОН да носат одлуки, базирани на извештаи кои се сто проценти погрешни“, праша либискиот лидер во денешното телевизиско обраќање. Меѓународниот притисок врз Гадафи постојано расте. Поради бруталниот однос на неговиот режимот кон востаниците, Либија синоќа официјално беше исклучена од Советот за човекови права на ОН. Повеќе од две третини од 192-те членки на Генералното собрание на ОН на пленарна седница се изјасија за исклучување на Либија. Никогаш претходно Светската организација не постапила во ваква форма против активна членка.

Барозо: Гадафи е дел од проблемот а не од решението

САД во меѓувреме размислуваат за прекин на дипломатските односи со Триполи. Според американските медиуми, опозицијата во Либија дискутира околу воена интервенција на Западот, со мандат на ОН.

Во однос на ваквите извештаи Гадафи денеска истакна: „Никогаш нема да прифатиме да бидеме робови. Ќе влеземе во крвава војна и илјадници Либијци ќе загинат, доколку САД или НАТО влезат во Либија.“

Jose Manuel Barroso 2011 Januar
Жозе Мануел БарозоФотографија: David Ertl

Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Барозо се приклучи кон хорот светски лидери, кои бараат оставка од Моамер Ел Гадафи:

„Целосно неприфатливите активности на либискиот режим во изминатите недели болно укажаа дека Гадафи е дел од проблемот, а не од решението“, изјави Барозо додавајќи:

„Време е Гадафи да си замине и да има ја врати земјата на луѓето на Либија, дозволувајќи демократските сили да го одредат нејзиниот иден курс“.

Ситуацијата со бегалците од Либија е хаотична

Агенцијата за бегалци на ОН УНХЦР денеска апелираше за испраќање на стотици авиони за да и` се стави крај на блокадата на границата меѓу Либија и Тунисм, каде илјадници луѓе се заглавени во обидот да преминат во Тунис.

„Тие се надвор, изложени на студ, дожд, а многу од нив минаа веќе три или четири дена во такви услови“, изјави денеска портпаролката на УНХЦР, Сибела Вилкес. Таа истакна дека околу 150 илјади луѓе тргнале во бегство на источната и западната граница на Либија и тоа половина кон Египет и половина кон Тунис: „Навистина е хаотично“, потенцираше Вилкес.

Автор: СН/ АТ/ртре/ап/афпе

Редактор: Трајче Тосев

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема