1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Втор државен удар во демократска Шпанија?

Кристина Бурак
26 октомври 2017

Обвинувања за „државен удар“ се слушаат од двете страни вклучени дебатата за независност на Каталонија. Кризата зема сѐ поголем замав во земјата која уште се сеќава на 200 вооружени напаѓачи кои упаднаа во парламентот.

https://p.dw.com/p/2mYA1
Katalonien Putsch von Februar 1981
Фотографија: picture-alliance/dpa/dpaweb/epa/M. P. Barriopedro

Карлес Пуџдемон денеска нема да се појави во шпанскиот Сенат каде парламентарците се подготвуваат да го усвојат членот 155. Исто така беше откажана и неговата изјава за јавноста планирана за денеска. Некои меѓутоа и натаму очекуваат каталонскиот претседател да одговори, на она што Габриел Руфиан од републиканската левица на Каталонија која е за независност, го нарекува „институционален државен удар", што ќе го изведат водечките политички партии за да ја негираат независноста на Каталонија. Слични обвинувања исто така доаѓаат од Мадрид од шпанскиот министер за надворешни работи Алфонсо Дастис кој вели дека „државен удар е она што го направија господин Пуџдемон и неговата влада."

Ваков јазик, вели Себастијан Балфур се користи за идеолошки цели во земја која се има случено обид за државен удар: во 1981 година имаше обид за воен државен удар во тогашната тригодишната демократија. Сегашната криза и да е исто толку критична како обидот за преземање на власта од пред 36 години, контекстот е многу различен, смета професорот за соверемени шпански студии на Лондоската школа за економија.

Кога вооружени напаѓачи упаднаа во парламентот

Кога на 23 фебруари, 1981 година, долниот дом на шпанскиот парламент започна со гласање за нов премиер, 200 вооружени напаѓачи од Цивилната гарда односно воената полиција упаднаа во салата. Поддржувачите на Франко испукаа куршуми во воздух и ги земаа како заложници пратениците. Тие се надеваат дека ќе воведат воена влада "се за Шпанија", како што тогаш изјави Антонио Техеро. По телефонското советување на тогашниот крал Хуан Карлос Први со советниците и воените лидери, тој и се обрати на нацијата во 13.15 часот, повикувајќи на одбрана на шпанскиот устав со сите потребни правни мерки. Обидот за државен удар беше задушен, а неговите предводници беа уапсени уште истиот ден.

Katalonien Putsch von Februar 1981
Фотографија: picture-alliance/dpa/dpaweb/epa/M. Hernandez De Leon

За многумина, неуспешноста на пучот покажа дека Шпанија е цврсто решена да се оддалечи од авторитарниот систем на Франко со оглед на тоа дека "обидот за пуч беше напад врз демократијата", вели Балфур.

Уставен предизивик

Триесет и шест години подоцна, сегашното движење за независност бара проширување на демократијата, смета Балфур. „И тоа е предизвик за уставниот поредок", кој е втемелен уште од времето на пост-Франко транзицијата. Според Балфур, денешната криза произлегува од строгите рамки на шпанскиот устав.

„Не може да ја рефлектира промената на идентитет и припадноста", вели тој, нагласувајќи дека многу од сегашните шпански регионални идентитети се појавуваат во декадите по 1978 година, благодарение на уставните одредби "café para todos" или „кафе за сите", со кои се гарантираат различни степени на автономија за сите шпански региони.

Во Каталонија желбата за независност се интензивира кога обидот на регионот да го редефинира Статутот на автономија беше одбиен од Националниот суд во 2010 година. Меѓу другото проблематична беше преамбулата во која со зборот „нација“ се опишува Каталонија.

„Автономија е една работа", вели Балфур. „Друга работа е кога со автономија Каталонија сака да биде повеќе од националност."

Страв од автономија?

Балфур вели дека зборовите се историски "непријатна формулација за правото". Една честа шпекулирана причина за обидот за пуч во 1981 година беше дека тврдокорни десничарски воени офицери се плашеа оти воспоставувањето на автономни региони би предизвикало распаѓање на шпанската држава. Каталонија го доби својот пост-Франко автономен статус две години пред државниот удар.

Вознемиреност во врска со состојбата на националното единство денес игра голема улога кај народна партија на Маријано Рахој (ПП), која се држи за политичкото право и е за неделивост на Шпанија, смета Балфор. Фактот дека другата голема партија во Шпанија, социјалистите, сто процентно го поддржува Рахој е изненадување, со оглед на тоа дека претходно се залагаше за реформи во уставот со кои Шпанија би станала федерална држава.

Katalonien Putsch von Februar 1981 König Juan Carlos
Фотографија: picture-alliance/dpa/epa/TVE/Spanish Household

Кралот за спас?

За разлика од 1981 година, не треба да се очекува дека кралот Фелипе VI ќе ја смири кризата, вели Балфур. Кралот отворено ги критикуваше каталонските лидери за нивните барања за независност и во сите негови говори даде поддршка за имплементација на членот 155.

"[Фелипе] е венчан за Уставот онаков каков што е сега, и според тоа, не е можно никакво право на самоопределување", смета Балфур.

Додека Хуан Карлос беше славен за неговото обраќање до шпанската нација во 1981 година, Фелипе е критикуван за неуспехот во неговиот телевизиски говор од 3 октомври да го спомне насилството кое го употребија членовите на Цивилната гарда против Каталонците за време на референдумот за независност кој се одржа на 1 октомври. Пуџдемон изјави дека вакво насилство се нема случено уште од времето на владеењето на Франко, кога диктаторот употребувал сила за да изврши насилна политичка репресија низ Шпанија, вклучително и во Каталонија каде луѓето исто така биле соочени со културна и јазична репресија.

Sebastian Balfour
Фотографија: Privat

Улогата на Цивилната гарда во обидот за пуч во 1981 година исто така не им помогна да се отарасат од франковото наследство ни во демократска Шпанија. Но, Балфур смета дека нарацијата што се користи од страна на каталонските сецесионисти кои ги дефинираат активностите на Цивилната гарда како "продолжување" на франкоизам не е легитимна бидејќи распоредувањето на цивилната гарда беше по налог на властите и начин како "Мадрид користејќи правните и законски мерки за спроведување на ред и поредок, пред политичките" се справи со каталонската криза.

Сите патишта водат кон уставот

„Проблемот е самиот уставот и неговата интерпретација во однос на политиката од страна на шпанската влада", заклучува Балфур, додавајќи дека секоја краткорочна де-ескалација ќе бара Каталонците да се откажат од барањето за независност, што според него е тешко возможно.

Долгорочно решение пак е нешто друго. Балфур смета дека 36 години откако Шпанија го преживеа обидот за воен удар, сега е време да се ревидира уставот.

„Општествата се менуваат. Уставите не може засекогаш да го рефлектираат идеолошкиот, политичкиот и културниот баланс во општеството", вели тој. Амандман на Уставот од 1978 година со кој се гарантира правото на само-определување – одобрено од сите Шпанци – може да го реши проблемот. Во моментов многумина во Шпанија ја поддржуваат идеата да се гласа за независност но не се залагаат за самостојност. Она што е неопходно, вели Балфур, ваквите прашања да влезат во јавниот дискурс, кој "се сведе на бунт од една страна и репресија од друга страна".