1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воените власти не се подобри од режимот на Мубарак

22 ноември 2011

Илјадници демонстранти во текот на ноќта ги продолжија протестите против воената власт во Египет. Организацијата Амнести интернешнл во меѓувреме ги обвини властите во Каиро дека не ги почитуваат човековите права.

https://p.dw.com/p/13Ehe
Протестите во каиро траеја во текот на целата ноќФотографија: dapd

На плоштадот Тахрир во египетскиот главен град Каиро дојде и до судири со полицијата, но засега нема информации за жртви или повредени. Во протестите кои започнаа во саботата, досега, животите ги загубиле најмалку 33 лица. Воениот совет, кој раководи со земјата по заминувањето на Хосни Мубарак, се’ уште не се изјаснил за колективната оставка на членовите на преодната влада.
За денеска е најавен нов масовен протест со барање армијата да ја напушти цивилната власт.

Меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести интернешнл (АИ) соопшти вчера дека египетската воена влада воопшто не ги исполнила своите ветувања и дека ќе ги заштити граѓанските права.
АИ во вчера објавениот извештај го обвини Врховниот совет на оружените сили дека применува опресивни тактики карактеристични за соборениот режим на некогашниот претседател Хосни Мубарак, вклучувајќи контрола и цензурирање на медиумите и протерување и апсење на демонстрантите, кои протестираат против власта.


Мубарак, кој со Египет владееше од 1981 година е соборен по 18-дневни масовни протести. Демонстранциите, кои оттогаш се одржуваат на плоштадот Тахрир во Каиро воглавно ги предводат либералните и левичарските групи.

Автор: СН/ АТ/ ртр/ миа

Редактор: Александра Трајковска