Во индустриски регион во Чиле затруени десетици деца
8 јуни 2022Во чилеанскиот регион Валпараисо, во кој доминира тешката индустрија, се затруени десетици деца. Поради вдишување отровни гасови, најмалку 50 деца и 25 наставници во повеќе училишта во регионот се пожалиле на мачнина, проблеми со дишењето, главоболка, печење на очите и вкус на метал во устата, соопшти градската управа на Кинтеро. Дванаесет деца и четворица возрасни се пренесени во болница.
Во регионот Валпараисо има многу индустриски постројки, како термоцентрали, рафинерии, хемиски фабрики и цементарници. Локалните медиуми го опишуваат регионот како „чилеански Чернобил“.
„Измеривме петпати повисока концентрација на сулфур диоксид од дозволената“, изјави градоначалникот Рубен Гутерес.
- повеќе: Студија: Загадувањето го скратува животниот век за три години
Регионалната влада воведе вонредна еколошка состојба во општините Кинтеро и Пучункави. Училиштата во двете општини се затворени.
- повеќе: Тетовци дишат отрови, алармираат екологистите по големиот пожар
Чиеланската влада во 1958 година донесе одлука да го претвори регионот во индустриски центар. Оттогаш загадувањето на животната средина е значително зголемено. Гувернерот на Валпараисо, Родриго Мундака, побара одговорните за труењето да бидат изведени пред лицето на правдата.